Она што ќе го направите по вежбањето е подеднакво важно како и загревањето. Дознајте како да избегнете запаление на мускулите, вртоглавица или дехидрација.
1. Истегнете се – Штотуку сте потрошиле половина час или цел час со напорно вежбање – сега би требало да се посветите барем 5 минути на вашите заморни мускули. Фокусирајте се на размрдување од глава до петаљ, а посебно на тетивите и квадрицепсите.
2. Наполнете со енергија – Со други зборови, јадете нешто. Токму храната е онаа што ви овозможува да идете понатаму и да постигнете максимум. Благодарејки на храната, организмос се опоравува и се обновува. Најдобро е да направите микс од јаглени хидрати, протеини и масти.
3. Хидрирајте се – Интензивниот тренинг обично значи доста изгубени течности со самото потење. Иако непрестано внесувате вода во текот на вежбањето, може да се случи внесената количина да не е доволна. Погрижете се да содржи доволно електролити бидејки преку потта губите и сол. Што значи тоа? Ќе се чувствувате подобро доколку по вежбањето да испиете сок од домати, јогурт или да изедете малку зелена салата.

You must be logged in to post a comment Login