Поголемиот број на девојки кој одат во фитнес клубовите го базираат својот тренинг на карио активности. Но дали тоа е вистинскиот избор?
Од повеќе причини тоа е размуна и реална одлука. Кардио тренингот директно согорува масни наслаги па со самото тоа и ја намалувата телесната маса. За жал, тоа не е баш најефикасниот начин и така нема побрзо да ослабете.
На прво место, важен е интензитетот на кардио активноста. Ако тој е премногу висок, ризикувате да не трошите масти воопшто, туку само да го исцрпувате организмот трошејќи го гликогенот и создавајќи млечна киселина која ќе го ограничи траењето на самиот тренинг.
Ако сакате да ослабете, интензитетот на кардио активноста не би требало да е повеќе од 70 проценти од максимумот, освен во некои случаи на интервален тренинг, меѓутоа такви тренинзи ретко се практикуваат. Ако сте во зоната на 50 до 70 проценти, тогаш сте сигурно дека вашето тело по одреден временски период почнува да согорува масни наслаги.
Доколку сакате тој процес да го забрзате, тогаш комбинација на тренинг со тегови, вежби на справи и кардио тренинг е идеална комбинација која ќе ви помогне да ослабете многу побргу.

You must be logged in to post a comment Login