Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Таблета за денот потоа: За или против

Европската агенција за лекови ја разгледува можноста за укинување на рецептот за таблетата за денот потоа. Само три земји од ЕУ не дозволуваат слободна продажба на таблети, меѓу нив и Германија. Дебатата повторно се вжештува.

Пред една година во Германија силно одекна случајот на една млада жена која, после силувањето, побарала помош во две католички болници. Но таму не сакале да и дадат или препишат таблета за денот потоа, која може да спречи евентуална бременост. Судбината на оваа жена со недели беше предмет на расправа во јавноста. Се кршеа копја околу контроверзниот став на Црквата, а гласни беа повторно и поборниците и противниците за издавање на овие таблети само со рецепта. Критичарите на оваа практика веќе одамна бараат издавањето на овие таблети да денот потоа да се дозволи и во аптеките, пишува Дојче Веле.

 0b8ef682da0cdd19a85b2ee995bf0f90

Германија е, заедно со Полска и Италија, единствената земја во ЕУ во која оваа таблета може да ја препише само лекар. Во останатите земји на ЕУ, таблетата се купува во аптеките без рецепт. Европската агенција за лекови (ЕМА) сега ја разгледува можноста за укинување на рецептите во цела Европа.

Се работи за итно контрацепциско средсво на пазарот под назив Ella, кој содржи активна состојка на улипристал. ЕМА нагласува дека може сама да одлучи за укинување на рецептот за подрачјето на цела Европа, бидејќи за ова средство баш таа институција издала одобрување. Политичарите во Германија веќе со години разговараат за начинот на издавање на “Pidane” (со активна состојка на левоноргестрел), друга популарна таблета.

 v139282

Секој ден е важен

Во приказната околу таблетата за денот потоа, всушност треба да се донесе одлука помеѓу две активни состојки – левоноргестрел и улипристал. И додека левоноргестрел е потребно да се земе 72 часа од сексуалниот однос, времето за земање на улипристал се продолжува на 120 часа. За двете таблети важи истото – што порано се земат, делотворноста им е поголема. “Бидејќи поголемиот број од итните ситуации се случува во текот на викенд или празници, на жените им е потешко да ги најдат тие таблети”, критикува Дафне Хан, претседател на германското здружение за планирање на семејството.

Жените губат драгоцено време во обидот да дојдат до рецепт, особено во руралните средини. Исто така, непознато е колку овие таблети воопшто се препишуваат во областите во кои болниците се управувани од страна на цркви. Освен тоа, на жените им е многу тешко да пронајдат гинеколог кој работи за време на викенди, па често се случува да ги прегледаат лекари специјалисти од други медицински гранки. “Тие лекари често немаат поим”, вели Хан, па многу од жените доживуваат несодветен третман, па дури и осуда.

Задолжителен преглед

Гинеколозите веќе долго време се залагаат за укинување на рецептите за итна контрацепција. “Прегледот треба да го изврши само гинеколог или дежурен лекар”, вели Кристијан Албринг, претседател на германското здружение на гинеколози. Тој нагласува дека таблетата за денот потоа не е за секоја жена. Нејзината делотворност се намалува доколку жената зема антидепресиви или лекови за епилепсија. Таблетата нема да делува ни ако жената има повеќе до 70 килгорами (левоноргестрел) или повеќе од 90 килограми (улипристал). Освен тоа, додава Албринг, треба да се исклучи можноста дека жената е трудна од поодамна. Поради сите овие причини, за дежурните служби во клиниките е составена листа за проверка за лекарите и другите специјалисти да можат со сигурност да ја препишат таблетата. Укинувањето на рецептот, би го скратил прегледот за жените, вели Албринг, а тоа би било многу скапо, бидејќи младите жени од 20 години, можат да ја добијат таблетата бесплатно, но би морале да ја платат доколку ја купат во аптека, без рецепт.

И додека продолжува расправата, многу жени почнаа да бараат алтернативни решенија. Да речеме, британскиот интернет портал Др.Ед нуди таблета за денот потоа, заедно со онлајн советување. Околу 15,000 жени наводно ја користеле оваа услуга откако е отворена страницата во 2011 година. Но, за Дафне Хан, тоа не е решение на проблемите: всушност, испораката на таблетите едноставно е многу бавна и не може да се гарантира сигурна заштита од зачнување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement