• Сподели на:

Со јога и медитација спротивставете им се на осаменоста и болестите

___

Неколку пати до сега веќе имаме спомнато дека јогата и медитацијата се техники кои ни помагаат подобро да се разбереме и да се запознаеме самите, техники кои ни го смируваат умот и техники кои го прават нашето тело поеластично.

Брзиот ритам на живеење ни остава многу малку време кое можеме да си го посветиме само на нас самите, време во кое ќе можеме да се опуштиме и релаксираме и време кое ќе ни овозможи подобро да се разбереме.

Јогата и медитацијата токму тоа и го нудат.

Ако никако не можете да најдете слободно време за да посетувате часови по јога, можете да се обидете самите да медитирате во домашни услови. Секако резултатите нема да бидат исти како кога би посетувале јога, но за почеток доволно е да почнете и дома.

Зошто медитацијата е толку многу важна?

Неодамнешно истражување спроведено на познат универзитет покажа дека медитацијата го подобрува имуниот систем, го јакне телото и умот и го изолира чувството на осаменост.

Редовната медитација позитивно влијае врз голем спектар на здравствени закани по здравјето, како што се воспалителни процеси, кардиоваскуларни болести, невро – дегенеративни болести и повеќе видови рак.

Во состојба на медитација умот се смирува, сите органи почнуваат правилно и нормално да функционираат и се подобрува квалитетот на дишењето.

Истражувачите нагласуваат дека медитацијата е особено важна за лицата кои се во втората и третата доба од животот, бидејќи им овозможува еден нов пристап кој успешно ќе им помогне во лечење и превенција на разни болести.

Чувствата на стабилност, сигурност, бистрина на умот, одлучност и концентрација се постигнуваат само со редовно медитирање.


Оставете коментар

___