Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Скриени начини како временските услови влијаат на здравјето

Дали е вистина дека некои луѓе можат да го осетат доаѓањето на дождот во зглобовите? Проверете како временските прилики можата да влијаат на вашето здравје.

Болести на срцето

Во САД ризикот од смртност од срцев удар зимно време се зголемува за 18 проценти, а летно време се намалува за 12 проценти. Луѓето имаат и до 36 проценти повеќе шанси зимно време да умрат од срцев или мозочен удар. Иако ниските температури сосема сигурно неповолно влијаат на срцето, најверојатно разлика прави и должината на дневната светлина.

Псоријаза

Сувото време ги зголемува воспаленијата кај псоријаза, кожна болест која предизвикува црвени флеки и сврбење. Неизложеноста на сонце може да доведе до зголемување на симптомите. Изложеноста на ултравиолетови зраци ги успорува промените во ќелиите на кожата. Со други зборови, изложеноста на сонце и тополото време можат да ги намалат воспаленијата.

Артритис

Иако 60 проценти од луѓето со артритис кажуваат дека можат да го осетат доаѓањето на дождот, тоа не е научно докажано. Меѓутоа, факт е дека кога атмосферскиот притисок паѓа, ткивото околу зглобовите се шири и ги притиска нервите. Нервите можат да бидат многу осетливи на мали промени во воздушниот притисок, но иста работа ќе се случи и ако патувате со лифт до највисокиот спрат.

Мигрена

Постојат 28 проценти поголеми шанси дека мигрената ќе се појави за време на невреме. Можеби е поради електромагнетните промени во воздухо. Мигрените исто се многу осетливи на јако сонце и промени во температурата.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...