• Сподели на:

Што открива бојата на ноктите за вашето здравје?

___

Невообичаени бели или розови нијанси, како и некои напукнатини на нокотот, може да бидат знак за некоја болест. Многу бледите нокти понекогаш може да бидат знак за многу сериозна болест како: анемија, срцева слабост, болести на црниот дроб или неухранетост.

Жолти нокти

Една од најчестите причини која предизвикува жолти нокти се габичните инфекции. Како што се влошува инфекцијата, дното на нокотот може да се повлекува и ноктите да започнат да се ронат.

Во ретки случаи, жолтите нокти може да укажуваат на сериозна состојба како што е тешка болест на тироидната жлезда, белите дробови, дијабетес или псоријаза.

Бели нокти

Ако ноктите ви се претежно бели со потемни венчиња, тие може да посочуваат на проблеми со црниот дроб, како хепатитис. Во оваа слика ако и прстите ви се жолтеникави, тоа е уште еден знак за заболувања на црниот дроб.

Плави нокти

Ноктите со сина боја може да значат дека телото не добива доволно кислород. Ова може да посочува на инфекција на белите дробови, како пневмонија. Некои проблеми со срцето исто така може да бидат поврзани со сините нокти.

Нерамни нокти

Доколку површината на ноктите е распукана и нерамна, ова може да е ран знак за псоријаза или инфламаторен артритис. Промената на бојата на ноктите е заедничка со кожата под ноктите, која може да изгледа црвенкасто-кафеава.

Псоријазата е состојба на кожата, која започнува од ноктите во 10 проценти од случаите.

Кршливи нокти

Суви, кршливи нокти со раздвоени краеви често се поврзани со проблеми со тироидната жлезда.

Пукањето и разделувањето во комбинација со жолтеникава боја поверојатно е да биде знак за габична инфекција.

 


Оставете коментар

___