Ако во столицата сте приметил невообичаена боја, не треба да паничите. Најчест причинител е храната.
Лиснатиот зеленчук кој содржи хлорофил, црвеното овошје и зеленчук па дури и прегранбена боја која се наоѓа во некои продукти може да ја промени бојата на вашата столица, а истото може да се случи и со некои лекови или додатоци во исхраната.
Светлоцрвена крв во столицата може да сигнализира дека имате полипи во дебелото црево или ректум, воспаление на ректумот или дури и рак на дебелото црево. Но крвавата столица немојте да ја помешате со трагите крв на тоалетната хартија, што се појавува поради анални пукнатини или хемороиди.
Црната боја на столицата може да биде знак на стара крв во вашиот дигестивен систем, најверојатно предизвикан од чир во желудникот. Жолта столица може да укаже на проблем со маснотиите и нивната апсорпција.
Повеќето промени на бојата кои се поврзани со храна ќе исчезнат за ден до два. Меѓутоа ако невообичаената боја потрае или имате чести нагони. Повраќате или ве мачат грчеви, веднаш посетете лекар.


You must be logged in to post a comment Login