Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Што е она што го создава херпесот?

Речиси и не постои личност која во животот барем еднаш немала херпес. Познат и како грозница, херпесот најчесто се јавува кога слабее имунитетот, а се манифестира со болка, пецкање и јадеж после кои следува појавата на меурчиња.

Болестите што предизвикуваат паѓање на имунитетот влијаат врз појавата на херпес. Стресните периоди, како психички, така и физички, можат да предизвикаат херпес, а неретко се појавува и кај жените за време на менструација.

На оваа болест и претходат трнци, чувство на напнатост, јадеж, за неколку дена подоцна да се појават меурчиња полни со бистра течност кои се обликуваат во некој вид на грозд. Херпесот потоа почнува да чеша и да пецка, а бистрата течност ја заменува матна. Тоа е најризичен период, затоа што со прстите може да се пренесе на очите или пак на други луѓе. После пет до седум дена меурчињата пукаат и на тие места се создаваат крастички, после што личноста веќе не е заразна.

При лекувањето, најважно е одржувањето на хигиена. Не го делете приборот з ајадење или чашите со други затоа што е херпесот заразен. Обратете се кај лекар и дознајте како на најдобар и најбрз начин да ја излечите оваа болест и да дознаете на што да обрнете внимание во иднина за да ја спречите појавата на херпес.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement