Циститис, или воспаление на бешиката е прилично непријатно заболување за жените. Кога имате циститис чувствувате итна и честа потреба за мокрење, а можно е дури и да се намокрите бидејќи некогаш се случува привремено да изгубите контрола над вашата бешика. Можно е и да почувствувате потешкотии при урнирањето, покрај очајната потреба да го направите тоа, бидејќи можно да чувствувате болка при тоа. Всушност болката може да стане постојано присутна и остра, а можно и да забележите крв во урината. Се на се, циститисот може да биде прилично вознемирувачки и мачен.
Мажите ретко страдаат од циститис, но бројот на жени кај кои се јавува оваа состојба е неверојатно висок. Причината за ова е нашaта анатомија. Уринарниот отвор кај жените е многу блиску до вагината, а вагината од анусот е одделена само со мало парче кожа наречено перинеум. Како резултат на тоа бактериите лесно се распространуваат во гениталиите и во бешиката и предизвикуваат инфекција. Токму ова е причината поради која девојчиња се учат да се бришат од напред кон назад. Како возразни не смеете да го заборавите ова златно правило.
Сексуалните односи и циститисот
Иако циститисот може да се јави од низа причини, меѓу кои и лошата хигиена, исто така може да се јави и како последица на сексуален однос.
Понекогаш бешиката се иритира од сексуалната активност, особено ако имате многу секс, а резултатот можат да уринарни симптоми како фрекфентна и итна потреба за уринирање.
Овие симптоми не се секогаш индикација за инфекција. Често се појавуваат бидејќи бешиката едноставно добива удари и модринки. Сепак, понекогаш циститисот кој се јавил како последица на секс може да вклучува и инфекција. Најчесто ова се јавува бидејќи бактериите од анусот се пренесуваат во женските гениталии и бешиката преку пенисот или прстот на партнерот.
Ако чувствувате симптоми на циститис кои не престануваат по 48 часа, однесете примерок од урината на тестирање, по што вашиот доктор ќе ви препише терапија доколку е тоа потребно.
Се јавува на секоја возраст
Сексуалниот циститис може да се јави на секоја возраст. Пред повеќе декади кога било вообичаено жените да ја чуваат својата невиност се додека не се омажат, па ова заболување се опишувало како „болест на медениот месец.“
Денес, кога ова веќе не е случај знаеме дека циститисот може да се јави на секоја возраст, особено ако не сте биле толку сексуално активни и оддеднаш имате многу секс.
Превенција
Ако откриете дека сексот со новиот (или вообичаениот) партнер ви предизвикува циститис, очигледно треба да го третирате. Но треба и внимателно да размислите за тоа како да го спречите.
На пример некои жени отриваат дека циститисот се појавува по одредени сексуални пози, па можете да експериментирате за да дознаете како најдобро да го избегнете. Некои жени откриваат дека кога се одозгора почесто добиваат циститис. За други пак позите на страна или доги стајл се проблематични.
На повозрасните жени понекогаш им треба повеќе време да постигнат оргазам, а ваквиот продолжен однос може да предизвика проблеми со бешиката. По околу 45тата година не е невообичаено да се јави и сувоста во вагината, а кога деликатното ткиво е суво има поголема веројатност да бидео оштетено. Воедно односот кога вагината е сува не е многу пријатен, па затоа се препорачува користење на лубриканти.
Ако нормалните лубриканти не помогнат, можеби треба да го посетите вашиот доктор кој може да ви препише оестроген крем кој се нанесува во вагината и клиторисот секојдневно, и може да помогне. Постојат и други решенија кои вашиот доктор може да ви ги препише во однос на природата на вашиот проблем.
Сепак, едно од најважните нешта е хигиената. Ако неговите раце „залутуваат“ близу до вашиот задник, тогаш треба ги измие пред да ги допира криторисот, вагината и уретрата. Ако неговиот пенис пенетрира во вашиот анус, тогаш мора да го измие треба вагинален однос. Доколку не го правите ова лесно може да добиете циститис и промени во вагиналниот исцедок.
Избегнување на циститис
Добра идеја е создадете навика за одржување на добро здравје на бешиката. Она можете да го направите е следното:
- Кога уринирате целосно испразнете ја бешиката.
- Уринирајте по секс.
- Пијте доволно течности за урината да има бледа боја.
Пиењето помалку кафе, црн чај и газирани пијалоци, вклучувајќи и кисела вода, може да ви помогне во превенцијата на циститис бидејќи сите овие течности ја иритираат бешиката и предизвикуваат итно и често мокрење.
Можете редовно да пиете чај од брусница. Експертите претпоставуваат дека пиењето чај од брусница некако ги спречува бактериите во лепење за ѕидовите на бешиката. Многу жени пијат многу чај од брусница кога имаат циститис, но тоа не е секогаш од помош. Се верува дека чајот од брусница повеќе може да делува како превенција отколку како метод за лечење.
Рано лечење
Ако почнете да ги третирате симптомите на циститис бргу откако ќе се појават веројатно ќе се поштедите од многу болка и проблеми. Постојат неколку лекови кои вашиот лекар може да ви ги препише и кои се ефективни. Суштината на овие третмани е дека тие се алкални и ја намалуваат киселоста во урината, а со тоа ја олеснуваат болката и непријатноста.
Можете да земате и сода бикарбона растворена во вода. При првиот знак на циститис, измешајте една лажика сода во 250 мл вода и испијте ја. Повторете го ова во неколку пати во наредните неколку часа, ова ќе ја разреди вашата урина, ќе ја намали киселоста и ќе ви помогне да ги исфрлите бактериите.
Можете и наполните пластични шишиња со топла вода и да ставите едно меѓу нозете и едно на кичмата. Ова може да ви пружи утеха.
Употреба на антибиотици
Третманите за кои се зборува погоре не можат да му помогнат секому. Ако симптомите се постојани потребно е да посетите доктор. Ако не го направите тоа можно е инфекцијата да прогресира од уринарниот систем во вашите бубрези предизвикувајќи посериозни проблеми. Посетете го вашиот матичен доктор и побарајте упат за испитување на урина.
Во зависност од резултатите докторот може да ви препише антибиотици. Бидејќи сите реагираат различно на антибиотиците доколку почувстввате несакани дејства известете го докторот.
Но ако антибиотиците делуваат, за неколку дена ќе почнете да се чувствате подобро.

You must be logged in to post a comment Login