• Сподели на:

Се што знаете од навиките за лична хигиена е погрешно?

___

Скоро секој сегмент од вашата секојдневна рутина е многу поопасен од што мислите, а вашите навики поврзани со хигиена се мнгоу поштетни од што можете да замислите. Оваа листа не ги покрива сите сегменти околу хигиената, но обрнете внимание на она што следи.

1.       Антибактерискиот сапун за раце кој го користите може да влијае на хемискиот состав на хормоните и не е делотворен колку што мислите

Антибактерискиот сапун содржи хемикалија трикосан која влијае на промена на хемискиот состав на хормоните, докажано при тестирање на животните. Триклосанот се наоѓа во 75% од антибактерискиот сапун и може да се најде во производите за чистење во домаќинство и во пастите за заби. Заради тој ефект на триклосинот, антибактерискиот сапун не е попрепорачлив од обичниот сапун во борба против болестите.

1322_web-pranje-ruku-05_dreamstime_2550352-Stanislav-Perov_630x0

2.       Перењето на долната облека може да ја исчисти нечистотијата, но може да го пренесе Ешерихија Коли и фекалии

Едно истражување при универзитетот во Аризона дошло до заклучок дека само една тура долна облека испран во вашата машина може да пренесе 100 милиони бактерии ешерихија коли во водата, а тие може да се пренесат на следната тура.

Ист случај е и со бактериите од изметот. Да одбегнете проблеми перете ги на висока температура бар до 60 степени и одма после перење извадете ги да се сушат, бидејќи бактериите се размножуваат во влажна средина.

44299_shutterstock-134773199_300x0

3.       Веројатно многу време трошите при чистење на најнечистите места во вашата куќа

Купатилото може да биде дом на 8 милиони бактерии по дециметар квадратен, додека во мијалникот во кујната живеаат до 2 милиони бактерии по  дециметар квадратен. WC шолјата во многу случаи може да биде почиста од мијалниците.

Сите садови кои сте ги оставиле да се сушат се плодно тло за разможување на бактерии како што се Ешерихија Коли и Салмонела.

32326_shutterstock_59719801_630x0

4.       Кога пуштате вода, не останува се во шолјата.

Пуштање на вода во отворена WC школка овозможува бактериите да се разлетаат во воздухот. Да, вашата паста за заби е покриена со микроби од фекалии. Ако не ја поклопите школката кога пуштате вода, бактериите може да се разлетаат и до два метри височина. Ако тоа ве вознемири, нареден пат спуштете ја даската и пуштете вода.

5.       Ако ги сушите вашите раце на сушач за раце, прекинeте и вратете се да се избришате

Една студија покажала дека бришачите за раце се подобро решение за сушење него машините. Добро сушете ги рацете. Со крпа ви се потребни околу 15 секунди а на машина бар 45 секунди за таа намена, а повеќето луѓе не се задржуваат подолго од 17 секунди и при тоа не ги сушат соодветно дланките и оставаат плодна подлога за бактерии.

6.       Протезата за заби може да биде многу поопасна oтколку што мислите

Едно истражување покажало дека 67% од протезите има на себе квасец, додека 50% има бактерии како што е MRSA (meticilin rezistentni stafilokokus aureus), бактерија која може да доведе до озбилна инфекција. Протезите кои не се одржаваат чисти се опасни. Често перете ги со вода и ќе биде во ред.

7.       Правилото од 5 секунди не постои

Дури 99% од бактериите се пренесуваат на храната во истиот момент кога ќе паднат на под. Некои подови се поопасни од други – суви и тврди површини се помалку богати со бактерии него влажните. Битна е и врстата на храна – повеќе солена или слатка храна помалку привлекува бактерии.

8.       Не одржувате потребна хигиена на папокот

Во папокот се наоѓаат дури 2368 различни врсти на бактерии. Од сите тие бактерии, 1458 науката уште ги истражува.

Кај еден човек во неговиот папок е пронајдена бактерија која претходно е регистрирана само во копно во Јапонија.

9.       Веројатно со акните се борите на погрешен начин

Во суштина е најдобро да користите продукти против акни кои ви ги препишал доктор или неабразивни и безалкохолни прозводи, во спротивно се јавува непосакуван ефект кој предизвикува појава на нови. Акните настануваат под кожа и заради тоа производите треба да бидат специјализирани така и да делуваат. Вообичаните сапуни за акни елиминираат повеќе од масноста на кожата од потребното и со тоа предизвикуваат повеќе акни.

Избегнувајте продукти кои ја спречуваат природната влажност на кожата.

mitiseri

10.   Не ја мијте косата секој ден

Ако ја миете косата секој ден ја отсранувате природната масност од неа. Тогаш жлездите сами лачат повеќе да го надокнадат изгубеното. Најпрепорачливо е 2 до 3 пати неделно. Ако мора да ја перете косата секој ден, користете благ шампон и никако не ја мијте двапати.

6803_shutterstock_33862192_630x0

11.   Веројатно погрешно ги чистите своите леќи

Многу малку корисници се грижат за леќите како што е соодветно. На нив има многу бактерии. Водата од чешма не е доволна за нивно отстранување. Ако го користите истиот раствор од ден во ден, тие ќе се заразат со микроби, што е ризик за очни инфекции. Менувајте го растворот и самата футрола и секогаш добро да ги сушите после чистење.


Оставете коментар

___