• Сподели на:

Ракот на дојка е се почест кај младите жени

___

Секоја година број на случеви на рак на дојка кај младите жени е зголемува за два отсто, предупредуваат научниците. Тие ги прегледале податоците на жените заболени од рак на дојка од 1976 до 2012 година и заклучиле дека ракот на дојка порано била болест која се јавувала во поодминатите години , додека денес тоа не е правило.

Поголемиот степен на рак на дојка значи дека постојат метастази кои се прошириле на коските, мозокот и белите дробови, при што степенот на петгодишно преживување е многу низок, пишува еден американски магазин.

‘’Овој тренд кој треба да се објасни создава озбилна загриженост во поглед на идната терапија кај оваа лоша болест’’, изјави авторката на студијата, Др. Ребека Џонсон која и самата била оболена од рак на дојка кога имала 27 години.

Таа додава дека младите жени имаат најлоша прогноза кај ракот на дојка, а причината за тоа е брзината на нивниот метаболизам како и хормоналните облици на рак кои се најчести кај оваа група. Исто така, младите жени поретко прават редовни контроли поради што тумурот се открива покасно, откако ќе се рашири, а со тоа се намалуваат и можностите за лекување.


Оставете коментар

___