Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Пролетта е време да почнете да вежбате на отворено

Вежбањето е еден од најважните елементи на здравиот начин на живот, а пролетта е одличен период од годината да започнете со вежбање на отворен простор. Постојат многу начини на кои можете да ги искорисите првите сончеви зраци и пролетни температури.

Обична прошетка претставува едноставна аеробна вежба на воздух и доколку ја практикувате во времетраење од 30-40 минути, ви помага да го намалите „лошиот“ холестерол и да го зголемите „добриот“, да го намалите крвниот притисок, да ја контролирате својата телесна тежина, да го подобрите расположението, да останете во форма, па дури и да го намалите ризикот од срцев удар во иста мера како редовно да сте џогирале. Исто така, поволно влијае на функционирање на мозокот, особено кај повозрасните лица. При пешачењето, внимавајте на правилното држење на главата и телото како и правилното движење на нозете.

stretching

Секое пешачење треба да го започнете со 5-минутно бавно одење за да ги загреете мускулите, и потоа да ги истегнете мускулите на нозете. На ист начин треба и да го завршите пешачењето за да го намалите стресот врз срцето и мускулите. Ако пешачите сезонски или сте биле подолг период неактивни и се заморувате лесно, тогаш треба да почнете со кратки дневни сесии од 5 до 10 минути, па да зголемите на 15 минути два пати неделно, за по неколку недели да пешачите 30-60 минути секој ден. Штом еднаш ќе почнете важно е да останете мотивирани и да се трудите да ги остварите своите цели, бидете сигурни дека ќе бидете задоволни со резултатите.

Трчањето е една од најдобрите аеробни вежби за добра физичка кондиција на вашето срце и бели дробови. Помага да се обезбеди ефективен проток на крв и кислород низ целото тело, што е и еден од условите за намалување на ризикот од срцев удар, го намалува стресот, дури може и да ја ублажи благата депресија. Трчањето, а во целост и вежбањето влијае на вашето расположение во позитивна смисла, ја зголемува вашата енергија и креативност. Добра вест за жените е тоа што со трчањето се зголемува густината на коските, со што се намалува ризикот од остеопороза. Со трчањето трошите калории, но трошењето продолжува и откако ќе завршите, затоа што трчањето придонесува да се забрза метаболизмот во мирување на организмот.

Велосипедот е одличен за обликување, тонирање и затегнување на листовите, бутовите и делот на карлицата. Ова е една од вежбите што може да ви помогне да го намалите целулитот од бутовите и да се подготвите за летото.

Возење ролерки е одлична кардио вежба за нозете, бидејќи ги вежбате внатрешните мускули на бутовите, како и мускулите на задникот.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...