Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Природни лекови за сите вагинални инфекции

Речиси и да нема жена која не била на гинеколог заради вагинална инфекција. Покрај терапијата која ќе ви биде препишана, често пати добро е да користите и алтернативна медицина, односно да се послужите со природни решенија.

Кај вагиналните инфекции симптомите се доста слични, па за да утврдите за што се работи мора да посетите гинеколог.

Но, додека го чекате терминот, послужете се со овие природни лекови кои ќе ја смират ситуацијата:

Чаеви

Против чешање и пецкање делотворен е чајот од рузмарин. Може да го користите за измивање на интимните делови, а може и да го пиете. Потребно е да прелиете 1 лажица сушен рузмарин со 1 чаша врела вода, да оставите да отстои 10 минути, па да процедите. Пијте 1 до 4 шолји во текот на денот ако имате габична инфекција.

Брусниците исто така се корисни против инфекциите на уринарниот тракт, но и против габичните инфекции. Во слушај на габична инфекција се препорачува да пиете чист, незасладен сок од брусница неколку пати на ден. Може да консумирате и таблети од брусница или пак плодови во свежа состојба.

Масла

Маслото од чајно дрво ги лечи габичните инфекции. Доволно е да ставите неколку капки на тампон кој ќе го оставите да делува околу 3 часа. Повторувајте ја постапката 2 пати дневно.

На сличен начин делува и маслото од оригано. Можете да го нанесете површински, но разредено во малку маслиново масло или орално во вид на капсула 2 пати на ден.

Лук

Почесто консумирајте лук ако патите од вагинална инфекција.

Втората опција е да направите паста од ситно исечкан или измелен лук и да го нанесете на инфицираниот дел. Можете да промешате бел лук со малку витамин Е од капсули и кокосово масло.

Оцет

Оцетот користете го во топлите купки. Купете чист органски оцет од јаболка и ставете 1 шолја во кадата наполнета со топла вода.

Невен

Оваа билка исто така има антивоспалителни дејства, па потребно е да изгмечите само неколку свежи и чисти листови од невен и да ги нанесете на инфицираните делови, исклучиво површински. Сепак, овој рецепт не им се препорачува на трудниците.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...