Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Природни лекови против уринарни инфекции

Многу често кај жените, но и кај постарите личности и бебиња, уринарните инфекции треба да ги лечите уште од самиот почеток, а со природните лекови никогаш не може да погрешите.

Здравиот уринарен систем ја филтрира крвта, го отстанува метаболитичкиот отпад и ја одржува идеалната рамнотежа на елекролитите во организмот. Проблемите во овој систем се камен во бубрег, циститис, инфекции на бубрегот и многу други, а начести се уринарните инфекции.

Бактериските инфекции обично се лечат со антибиотска терапија, која никако не треба да ја земете ‘’на своја рака‘’, туку треба да се посоветувате со лекар. Меѓутоа она што може да ви помогне во одржувањето на здрав уринарен систем се билките.

herbs11

Ви предложуваме неколку природни лекови

Магдонос

Чајот од магдонос е одличен за чистење на организмот и изфрлање на вишокот на течности, а покрај тоа е прекрасен лек за уринарни инфекции

Припрема:  Две лажици сув или свеж магдонос ставете ги во врела вода и оставете да отстојат 10 минути. Процедете и испијте го додека е топол. Пијте три шољи, после оброк.

Пченкарна свила

Во народната медицина пченкарната свила е позната како незаменливо средство за лечење на воспалување на мочните канали. Покрај тоа утврдено е  дека со редовно измивање со овој чај се предизвикува растварање на каменот и изфрлање на песок од бубрегот.

Припрема: Една лажица исушена пченкарна свила  ставете ја во 3 мл врела вода. Варете 3 минути, тргнете го од оганот и оставете го да се олади. Пијте 3 пати на ден по шоља оладен чај.

Увин чај

Ува е билка која се користи за лечење на уринарните инфекции. Зелените листови имаат антибактериско дејство и ги уништуваат бактериите и вирусите.

Припрема: Една лажица со суви листови ува прелијте ја со 250 мл врела вода, оставете да отстои 15 минути, процедете и пијте без шеќер. Свежо припремениот чај пијте го три пати на ден.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement