• Сподели на:

Природен лек за срце стар 800 години

___

Творец на овој познат рецепт е Опатица Хилдегард фон Бинген, која живеела пред 800 години а починала во својата 81 година. Подоцна нејзиниот рецепт за срцеви проблеми го превземале и познатите доктори и ги објавувале во своите запишувани дела.

Опатица советува дека секое домаќинство треба да го има овој величенствен рецепт со кој се постигнуваат необични успеси. Таа била мистичарка и во своето запишано животно дела објаснува дека се што е напишано потекнува од нејзините визии од Бога. Овој рецепт го пренела познатата треварка Марија Требем, авторка на книгата “Здравје од божјата аптека”.

Овој природен лек за срце се покажал успешен кај сите срцеви слабости и прави срцеви заболувања. Се користи кога ќе почувствувате било какви срцеви тегоби како треперење, прескокнување, стрес или слично. Се покажал како добар лек и за ангина пекторис.

Рецепт за природниот лек: 10 свежи стебла магдонос (без корени), 1 литар домашно црно или бело вино, две лажици вински оцет, 300 грама природен мед.

Припремување: 10-те свежи стебла магдонос заедно со листовите ги ставате во литро чисто природно вино и се додаваат 1-2 големи лажици чист вински оцет. Се готви 10 минути на тицок оган ( внимавајте, се пени! )Потоа се додава 300 грама пчеличен мед и се остава на тивок оган да се готви уште 4 минути. Топлото вино за срце се процедува и додека е сеуште топло се става во тегла или боца која претходно е испрана со силен алкохол. Добро се затвара. Талогот кој ќе се направи не е штетен и слободно може да се испие. На секој се препушта одлуката дали медот ќе се готви или не.

Напитокот се користи секојдневно по 1 супена лажица до престанокот на тегобите. За потешки болести потребно е да се користи подолг временски период.


Оставете коментар

___