Главоболката е најчестата болка која ја има модерниот човек, а ја предизвикуваат стресот, заморот, преоптеретеноста на организмот. Со неиздржливиот притисок во главата многумина имаат навика да се справат на брз начин, со спасувачката таблета Аспирин.
А, токму главната состојка на овој лек кој ја смирува болката – салицинот, се наоѓа во познатиот јаткаст плод – бадемот. Грст бадеми се природен аспирин, а нивното влијание трае подолго и не предизвикуваат несакани реакции.
Главоболката обично настанува во тилот и предизвикува послаба концентрација, раздразливост и исцрпеност. Со оглед дека главоболката е најчесто резултат на стрес, напнатост, грип, настинка, запаление на синусите и проблеми со варењето, експертите ја сметаат како симптом, а не болест сама по себе.
Затоа некои луѓе спасот го бараат во алтернативните методи како медитација, пиење вода, опуштање, но и во храната. Имено Аспиринот, најчесто користениот лек за брзо отстранување на болката поеднакво ефикасно може да го заменат неколку бадеми.
Салицинот претставува активна состојка против воспаление која во големи количини се наоѓа во овие плодови, а со оглед на ефектот што го има за отстранување на болките, многумина го нарекуваат и природен Аспирин. Освен тоа, во бадемите има и големо ниво на магнезиум, кој е важен за подобар проток на кислородот и хранливите состојки во организмот, што помага за опуштање на мускулите и намалување на раздразливоста.
Грст бадеми, поточно 10-12 парчиња на ден, ја ублажува и спречува главоболката, а јаткастиот плод можете да го јадете сиров или да го покиснете одвечер во вода, а потоа да го додадете во некој оброк.


You must be logged in to post a comment Login