Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Природен еликсир за главоболка помоќен од аспирин

Болката во главата е една од најнеподносливите болки, која ни ја попречува способноста за нормално функционирање и извршување на секојдневните обврски. Оние кои патат од мигрена знаат колку е неподнослива, како и дека речиси никако не може да се спречи.

Но, за да не се труете со лекови од аптека, кои најчесто не се ни ефикасни, ви претставуваме рецепт за природен еликсир кој ќе ви помогне многу повеќе, а воедно ќе има поволно влијание врз целиот организам.

Потребни состојки:

  • 500 гр мед
  • 10 чешниња лук
  • неколку зрна бибер

Излупете го лукот и секое чешне исечете го на половина. Ставете го во тегла, додадете го медот и на крајот ставете го биберот. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои пет дена. Потоа еликсирот ќе можете да го консумирате по потреба.

Кога ќе почувствувате дека ве фаќа главоболка, земете една лажица од овој еликсир, но потрудете се секогаш да изедете и по едно зрно бибер и парченце лук.

Овој еликсир можете да го консумирате и доколку немате главоболка. Земајте по една лажица наутро и навечер на празен желудник, за да го подобрите имунитетот, да ги отстраните бактериите од организмот, да ја поттикнете дигестијата, како и да ги регулирате шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement