• Сподели на:

Престанете со опсесивното размислување за диети и слабеење

___

Сонцето и пролета се често синоними за сезона на диети и слабеење. Попрецизно, синоними за опсесија за диети и слабеење. Овојпат не бидете опседнати со стрелката на вагата туку со животот. Ова се трите чекори кои можете да ги направите за да избегнете да западнете во овој маѓепсан круг.

Престанете, веднаш

Првата работа која треба да ја направите е да ги отфрлите мислите за држене диети. Не се работи за диетите, туку за здравите животни избори. Сигурно ова сте го слушнале многупати, но кога цела година би правеле паметни избори, не би имале потреба да држите диета пред летото. Кога ќе почнете негативно да размислувате, гласно речете си СТОП. Негативните мисли воопшто не ви помагаат, само ве уништуваат.

Забележувајте ги мислите

Научниците советуваат дека е корисно да ги запишувате мислите кога се работи за телесната тежина и диетата. Кога размислувате да се префлите на рестриктивен режим на исхрана, размислете зошто тоа го сакате и како моментално се чувствувате. Така ќе приметите ако постои поврзаност на емотивната состојба и тоа што го јадете.

Прифатете се такви какви што сте

Ако животот ви се врти околу неколку килограми кој би сте ги изгубиле, работете на тоа да се прифатите себе какви што сте баш сега. Често нашите избори за храната ги менуваме кога ќе направиме емотивна промена во животот.


Оставете коментар

___