• Сподели на:

Прашања кои треба да ги поставите на вашиот гинеколог

___

1.Дали крварењето после секс е нормално?

Крварењето можа да значи многу работи, од мал проблем, како што се полипи на матката, до воспаление на матката, па дури и озбилни проблеми (рак на грлото на матката). Ако забележите било какво крварење после сексуалниот однос, обрнете внимание дали крвта е светла (значи нова рана) или пак темно црвена (може да биде остаток од менструална крв) и известете го вашиот доктор.

2.Нередовна менструација

Ако ви касни секој месец, тоа не е нормално, а ни траговите од крв помеѓу циклусите не се нормални. Запамтите повеќе детали – колку често се случило да немате циклус, дали имате болки, колку тие траат…

3.Дали треба да ги прегледам градите?

Овој вид на преглед го прават специјалистите по оваа област, кој ги испитуваат дојките и бараат грутчиња, промена на кожата, повреди, инфекции, го опипуваат делот под пазувите и околу клучната коска.

4.Зошто оралниот секс може да биде опасен?

Се се почести случаевите на појава на рак на усните, а кај повеќето од нив причината е појавата на ХПВ, кој се пренесува на нив за време на сексот. Обрнете внимание дали усните имаат ситни рани кои тешко поминуваат.


Оставете коментар

___