Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Практикувајте јога против стрес

Jога вежбите го контролираат дишењето, го чистат умот, и го релаксираат телото.

Повеќето од нас знаат дека јогата се практикува за намалување на стресот и за опуштање на нашето тело. Тоа се дел од јога вежбите кои го контролираат дишењето, го чистат умот, и го релаксираат телото. Како што јогата станува се повеќе популарна, се откриваат бенефициите на јогата, а луѓето се повеќе ја користат за отпуштање.

Еве неколку чекори до мир преку јога:

Хата јога е пракса на физичка јога поза.

Постојат повеќе пози на хата јога, некои се бавни а некои пак брзи, некои пак се фокусираат на растегање.

Доколку барате пози за смирување нема да можете да изберете бидејќи сите пози го ублажуваат стресот, па така одберете вежби кои ви одговараат на вашата физичка подготвеност.

Секоја од нив ќе ви помогне да го ублажите стресот, а да ги исфрлите ендорфинот, природните хормони а воедно да имате здраво тело.

Дишење

Ова претставува основа на секоја јога вежба.

Регулирајте го дишењето, така кога изведувате некоја вежба дишете длабоко и издишувајте. Седнете на душекот и медитирајте со гласно дишење.

Сами знаете дека кога нешто сте вознемирени дишете длабоко и стресот се намалува, па оваа практика е од таму, да се смири целиот внатрешен немир.

Пробајте, ќе бидете по релаксирани и посреќни.

Чистење на умот

Нашите умови се постојано активни, трки од една кон друга мисла, разни сценарија за иднината, планови, разни случки…

Сево ова не заморува и сме под притисок.

Јогата ни нуди техники за релаксирање на умот, односно народски познато “пушти си го мозокот на пасење“. Тоа се прави така што кога вежбате јога се концентрирате максимално кон вежбите, а сите други проблеми ги оставате на страна.

Не очајувајте ако не ви успее од прв пат, со голема волја ќе ја достигнете целта. Не ја сфаќајте јогата како тренинг туку како часови по отпуштање и благосостојба.

Одмоslider

Секој јога час завршува со 5 до 10 минути опуштање и тоа како вие лежите на грб со рацете залепени до вас и нозете испружени напред, а очите ви се затворени, вака мирувате 10 минути. Ова служи за пренесување на пораката од телото до умот.

Практикувајте ја јогата барем 3 пати неделно, само така ќе избегате од реалниот свет, а вашиот ум ќе се одмори.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...