Само неколку минути дремка во тек на денот може да ја подобри вашата меморија и да ја зголеми продуктивноста. Може дури и да ви го спаси животот.
Неодамнешното истражување на Универзитетот Харвард се занимавало со животните навики на 20000 луѓе, на старост од 20 до 80 години. Кај секој учесник биле анализирани дневните рутини, физичката активност и времето поминато во дремење.
Резултатите покажале дека оние кои дремат околу 30 минути дневно, барем три пати во неделата, имаат 37% помал ризик од срцеви заболувања.
Дури и многу кратка дремка има големо влијание на меморијата. Научниците од Универзитетот во Дизелдорф, со желба да ја истражат оваа работа, направиле интересен експеримент. Ги поделиле испитаниците во три групи. На секоја група и дале список со зборови кои треба да ги запомнат. Потоа, првата група требало да остане будна, втората да спие 40 минути, а третата да спие само неколку минути. Најдобри резултати имала третата група, односно таа која спиела само неколку минути.
Многу е важно да го тргнете сомнежот дека дремката е губење време. Всушност, би требало да се чувствувате виновни доколку не го правите тоа. Не се грижете ако не успеете да заспиете. Дури и ако само ги затворите очите и се обидете да спиете, тоа ќе влијае на вашиот крвен притисок.

You must be logged in to post a comment Login