Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Полово преносливи болести кои можете да ги добиете и без секс

Страшен, но вистинит факт е дека не мора да имате секс за да добиете некоја полово пренослива болест.

Гинекологот сега Алиса Двек открива точно каде сè се кријат вирусите од кои би требало да бегате што подалеку:

ХПВ

Иако со години се зборува и се откриваат нови детали за ХПВ вирусот, многумина не знаат дека истиот може да се пренесе преку кожата.

„ХПВ вирусот може да се пренесе преку кожата, но само ако некој ја допре брадавицата која настанала како последица од овој вирус,“ тврди Алиса.

ХПВ вирусот доаѓа во различни облици, а некои може да предизвикаат генитални брадавици.

„Брадавиците понекогаш се јавуваат и на други места, како на пример прстите,“ вели докторката.

Иако брадавиците може да се отстранат, вирусот и понатаму може да остане во организмот и повремено да се активира.


Molluscum Contagiosum

Иако звучи нереално, заразната вирусна инфекција често се пренесува преку солариумите кои жените често ги посетуваат.

Првите симптоми по кои ќе ја препознаете оваа инфекција се тврдите топчиња на гениталиите, но тие може да се прошират заради што треба да се загрижите.

Позитивната страна е што кога еднаш ќе се ослободите од вирусот, инфекцијата обично не се враќа.


Трихомонијаза  

Не е многу позната како болест, но може да се појави во облик на вагинална инфекција со непријатен вагинален исцедок пропратен со чешање и иритација.

„Најчесто се пренесува преку валкани предмети како што се нечисти крпи или нечист вибратор,“ открива Двек.


Херпес

Ова е првата инфекција на која луѓето помислуваат кога ќе им се спомнат полово преносливите болести. Затоа прилично е алармантно што не се пренесува само преку сексуален однос.

„Херпесот може да се пренесе со бакнеж или делење на веќе заразен предмет како брич или неизмиен сад, иако тука ризикот е прилично низок,“ тврди Двек.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...