• Сподели на:

Подобро да имате некој килограм вишок отколку да бидете премногу слаби?

___

Нарушеното здравје во подоцнежните години може да предизвика нагло слабеење и губењет, како на мускулна маса така и на масно ткиво. Луѓето кои имаат некој килограм повеќе, во случај на болест или слабеењеи, имаат залихи на масти, со тоа што имаат шанса за подолг живот.

Научниците тврдат дека луѓето со некој килограм плус, често го контролираат крвниот притисок и дијабетис, кои се последица од дебелината. Со тоа имаат повеќе шанси на време да откријат некоја болест и на време да ја излечат.

Меѓутоа, истовремено треба да се пази на вишокот килограми бидејќи ни дебелината не е многу посакувана, со оглед на тоа што покрупните луѓе имаат три пати поголем ризик од рана смрт.

Можеби звучи контрадикторно, но природно слабите личности помалку внимаваат на здравјето. Покрај тоа што не се контролираат редовно, помалку вежбаат и помалку пазат на исхраната. Од друга страна полните особи, генерално водат поздрав живот бидејќи едноставно повеќе внимаваат.


Оставете коментар

___