Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Подгответе се за џогирање

Џогирањето е одличен начин да бидете во добра форма и да останете фит. Ова е еден од наједноставните и најефтините спортови. Временските услови се на ваша страна, затоа подгответе се за џогирање. Еве неколку совети:

1.      Одберете си удобни патики. Доколку немате, посетете една од спортските продавници и купете патики за трчање. И ланскиот модел ќе ви заврши работа. За униформата за трчање не се мислете многу, сигурно во вашиот орман ќе најдете тренерки, шорцеви или хеланки. Искомбинирајте ги со маичка или дукс и подготвени сте за џогирање.
2.     Дефинирајте ја патеката за трчање. Во зависност на тоа колку сте физички спремни, дефинирајте ја патеката. На самиот почеток трчајте споро, доволно е да поминете 3-4 км.
3.     Одлучете каде ќе џогирате, во природа или на трака. Со џогирањето на отворено вие уживате во пејсажната природа и чистиот воздух. Но внимавајте, подобро е да трчате на трева, отколку на бетон. Цврстината на бетонот може да предизвика болка во колената или потколениците. Трчањето на трака вообичаено е поздодевно, како да немате никаква цел, постојано сте на истото место. Освен тоа, движењето кое е во основа наменето за тетивата е потопомогнато од движењето на траката, така што вие трошите помалку енегрија отколку кога трчате на отоврено.
4.     Истегнете ги мускулите.Истегнувањето правете го пред и по џогирањето. Но водете сметка, потребно е да ги истегнете мускулите на рацете, листовите, грбот,задникот како и задните мускули на бутовите.
5.     Трчајте со пријател/ка. Видете кој од вашите пријатели сака да џогира и почнете заедно. Доколку никој не е заинтересиран, не се демотивирајте, почнете сами.
6.     Џогирајте секој ден. Ова е од суштинско значање за да стекнете навика за трчање. Доколку почувствбувате дека ви е потробен одмор, тогаш направете пауза еден ден во неделата. Ако чувствувате умор, тогаш скратете ја патеката или трчајте побавно. Веќе наредниот ден ќе се чувствувате подобро.
7.      Уживајте! Џогирањето ќе ви помогне да се чувствувате подобро, и физички и емотивно. Ќе бидете горди на обликот на вашето тело, а тоа ќе ве направи посреќни.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement