Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Совети за побрзо согорување на масните наслаги

Трчајте

Согорувањето на масните наслаги продолжува и по завршувањето на џогингот. Според една студија од страна на медицинското училиште во Јејл, лицата кои неделно трчаат најмалку четири часа, трошат многу повеќе калории од оние кои не трчаат.

??????????????????????

Започнете со потешките вежби

Доколку започнете со најтешкиот дел од вежбите па потоа со полесниот, можете да изгубите 23% повеќе масни наслаги, вели студија спроведена од колеџот во Њу Џерси.

Понапорно и побрзо, наместо подолго

Одржувањето на 80% од максимална срцева стапка при 40 минутно вежбање го забрзува метаболизмот за 19 часа подоцна. Покрај физичката активност на 75% од максималниот аеробен капацитет ќе доведе до забрзување на метаболизмот и тоа многу повеќе, отколку при долга физичка активност.

Кревајте тегови…полека

Поголемата мускулна маса овозможува побрз метаболизам. Кревањето на тегови помага во максимално согорување на масни наслаги, а екстра бавните потези ја зголемуваат силата за 50%. Исто така при користењето на тегови се активираат мускулните влакна многу повеќе отколку со користење на машини.

fitness-lady1

Нордиско одење

Применете го методот на нордиско одење доколку пешачите, и на тој начин ќе изгубите 20% повеќе калории.

Прво тегови, потоа се друго

Кревањето на тегови пред кардио вежбите согорува многу повеќе масни наслаги, резултатот побрз доколку тоа го практикувате без пауза.

Повеќе оброци

Жените кои консумираат повеќемали оброци во текот на денот се помалку подложни на таложење на масни наслаги.

Витамините Ц и Д

Витаминот Д помага во намалување на мастите, а витаминот Ц во согорување. Поради тоа внесувајте по 400 до 500мг Ц витамин и 800мг Д витамин дневно.

Додајте рибино масло и Л-карнитин

Доколку внесете Л-карнитин непосредно пред вежбањето ќе ви помогне многу побрзо да ги намалите мастите. Внесувајте 6мг рибино масло на ден.

Спиење

Спиењето помага во согорувањето на мастите, намалувањето на апетитот и одржувањето на младалешка кожа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement