• Сподели на:

Пијте вода со лимон затоа што…

___

Водата со лимон е богата со калциум и витамин Ц, кои помагаат за:

Подобрување на работата на имунолошкиот систем: лимонот содржи високо количество на витамин Ц што помага за борба против настинки. Исто така, лимонот содржи калиум кој ги стимулира мозокот и нервните функции и помага за контролирање на крвниот притисок.

Ги балансира pH вредностите во организмот: водата со лимон помага за намалување на вкупното количество киселини во телото. Иако лимонот содржи киселина, таа не го зголемува количеството на киселини во организмот.

Помага за намалување на килограми: ломонот е богат со пектински влакна кои ја ублажуваат гладта во желудникот. Редовното пиење вода со лимон помага за намалување на килограми.

Лимонот е диуретик: му помага на телото полесно да ги отстрани отровите преку зачестено мокрење. Освен тоа помага за одржување на уринарниот тракт здрав.

Ја чисти кожата: витаминот Ц помага за намалување на брчките и флеките на лицето. Чистејќи ја кожата од штетните материи лимонот помага таа да изгледа здраво, сјајно и младо.

Ги намалува респираторните проблеми: топлата вода со лимон помага за лечење на инфекции на градите, го спречува кашлањето, а се препорачува и за лица со асма и алергии.

Совети: 

  • Во чаша од 250 милилитри се става 1/8 од лимонот.
  • Најдобро е да конзумирате топла вода со лимон.

Оставете коментар

___