Вие веќе знаете што да направите за да бидете во можност да направите добар тренинг. Но, постојат некои работи што не треба да ги направите пред одење во теретана или пред трчање.
1) Да се пие алкохол
Секоја количина на алкохол пред тренинг е премногу. Во зависност од нивото на толеранција која луѓето ја имаат, на некои луѓе алхохолот има поголемо влијание, но кај сите води до дехидратација, ширење на на крвните садови, намалување на моторните функции и други ефекти кои можат да го загрозат вашето здравје – изјави Мајк Донаваник, сертифициран специјалист за тело.
Дури и една чаша алкохолен пијалок може да влијае на вашиот шеќер во крвта, што може да предизвика гадење и слабост, објаснува Џорџи Фир, автор на книгата “Lean Habits for Lifelong Weight Loss” .
2) Не пијте повеќе од една чаша вода
Еден час пред тренингот, а добивате идеа дека сте пиееле малку повеќе тој ден, па се фрлате на пиење вода. Но, пиењето на повеќе вода, по внес на алхохол може да ја влоши состојбата.
Бубрезите може да обработат еден литар вода за еден час, па ако пиете повеќе од тоа, може да донесе ризик од сериозна здравствена состојба, како што е хипонатремија. Тогаш се случува, јоните на натриум во крвта да опаднат – изјави Фир.
Симптомите на оваа состојба вклучуваат губење на енергија, слабост на мускулите и грчеви.
Ако вежбате со полн стомак течност, може да се случи гадење во текот на вежбите кои вклучуваат тешки скокање и трчање.
3) Не јадете зачинета храна
Ако јадете голем, зачинет оброк пред тренинг може да предизвика надуеност и создавање на киселина во желудникот – кажа Фир
4) Не тренирајте по интензивен сексуален однос
По интензивен секс не е потребно, затоа што веќе сте исцрпени. Но, доколку сакате да имате интензивен тренинг, прескокнете секс пред истиот.
5) Не се обидувајте да го допрете прстите
Класично истегнување пред тренинг не е добро.
– Кога ќе се вежба, вашите мускули треба да извршуваат интензивни контракции. Кога ќе ги ставите во затегната состојба, се намалува нивната способност да се направи тренингот правилно -изјави Донаваник.

You must be logged in to post a comment Login