Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Пет намирници за брзо опоравување по вежбање

Овие намирници се препорачуваат по исцрпувачко вежбање, бидејќи ја враќаат енергијата и ги опоравуваат мускулите.

Колку често ви се случува да имате проблем со запаление на мускулите после интензивното вежбање? Тешко ви е да станете, да седнете, да се симнете од автобус и веќе со денови пиете нешто против болки.. Многу често?

Да, запознаени сме со тој факт. Затоа решивме да одбереме за вас пет намирници кои го смируваат запалението на мускулите, а вас ве држат со полна енергија.

Боровница

По вежбањето пробајте да изедете овошна салата богата со боровници. Не само што се вкусни, туку се и моќен антиоксиданс кој ја намалува болката и поттикнува опоравување на мускулите.

Ананас

Ова овошје е богат извор на ензими познати како бромелин. Бромелинот е природна состојка која ја смирува болката во мускулите која може да настане по сериозен тренинг на аеробик.

Грав

Нивото на калиум во телото по исцрпувачкиот тренинг може нагло да падне и да предизвика послаби рефлекси, и негативно да влијае на нервите и движењето на мускулите. Доза грав кој е богат извор на калиум може да биде идеален оброк по вежбањето.

Млеко

За да ја вратите течноста што ја изгубивте во текот на вежбањето, најдобар начин е тоа да го направите ако испиете чаша млекло кое содржи доза натриум и калиум многу повеќе од било кој енергетски пијалок.

Кељ и спанаќ

Зелениот зеленчук во вид на спанаќ, брокула и кељ е богат со калциум и магнезиум и е одлична опција доколку имате запаление на нозете по долго шетање.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement