• Сподели на:

Парчиња облека кои го загрозуваат здавјето на жените

___

Облека, чевли и аксесоари кои се носат секојдневно, можат да имаат сериозни последици по здравјето на жените. Што, всушност, би требало да избегнуваме,  кога е тоа возможно?

Без разлика колку се грижите здраво да се храните и да имате редовна физичка активност, тоа може да биде недоволно за чување на вашето здравје. Имено, дури и облеката, чевлите и различните модни додатоци можат да делуваат негативно по нашето здравје.

Погледнете што се спаѓа во мода која се заканува по здравјето.

Долна облека од синтетика

Синтетиката никако не е добра за кожата, бидејќи предизвикува иритации, а поготово кај интимните зони на жените, поради тоа што тие делови од телото се премногу осетливи. Колку и да сакате да носите секси долна облека, не ја носете постојано, сепак можете да купите и убава памучна долна облека.

Огромни чанти

Жените обожаваат големи чанти, во кои го пакуваат целиот орман, (како што велат мажите) не размислувајќи дека тежината на чантата лошо влијае на болки во грбот. Наш совет е  да го избегнувате овој популарен моден детал, колку повеќе можете.

Рамни обувки без влошки

Треба да се најде златна средина, ниту премногу рамни, ниту премногу високи. Популарните “All Star” патики се многу лоши за стопалата, а апостолките се дефинитивно најлошите рамни обувки, бидејќи можат да предизвикаат болки во куковите и долниот дел на грбот.

Тесни фармерки

Девојките сакаат да ги истакнат своите облини, па често купуваат помал број фармерки. Како може да биде здраво, нешто, во кое воопшто не ви е пријатно и вашата кожа не може нормално да дише?

Високи потпетици

Жените се луди по штикли и си ги носат по цел ден, иако на крајот на денот ги болат нозете и грбот. Не е воопшто страшно да ги носите кога излегувате, на неколку саати, но нема потреба да го поминете целиот ден во нив.

 


Оставете коментар

___