Од лекар нутрициониста до спортист и поголем дел од чевочката популација која има проблеми со варењето, заморот, главоболки, се е последица од комнбинации на храна. Кои намирници никако не се добар пар и зашто?
Да речеме дека во иста чинија сервирате ракчиња и ананас. Вкусно е, уште поубаво на око. Но тоа е претерано тешка комбинација.Ракчињата многу тешко се варат, три или четири саати, додека за варење на ананасот на човечкиот организам му е потребно половина час. Кога ќе ги внесете заедно, ракчињата сметаат во варењето на овошјето и тоа стои во желудникот многу подолго отколку би го јаделе самостојно. Како резултат можно е да добиете распаѓање и ферментација, и логично, гасови по ваквиот хемиски процес како и надуеност.
Нутриционистот Тара Алдер секако мисли дека секој треба да си го слуша телото и секој човек има своја специфичност кога е во прашање варење на храната.Но, мисли дека и секој треба барем да проба да јаде добри комбинации на храна како единствен начин да знае која е добра комбинација, а која не е.
Еве кои намирници не треба да ги комбинирате
Првенствено, овошјето со други намирници. Многу побрзо се вари од останатата храна која го спречува варењето. Некои нутриционисти пак мислат дека ниту овошјето не смее да се комбинира, на пример овошната салата не е толку добар избор.
Животински протеин со скроб. Месото во комбинација со леб или тестенина има “предност” во варењето и подолго се вари, така да лебот или тестенината ќе се распаднат, што доаѓа до гасови, подуеност, замор и главоболка.
Маслинки и леб, туна со мајонез, месо пржено на масло. Лоша комбинација на масти и протеини. Мастите и маслото за варење ја активираат жолчкатља и кога се комбинираат со други намирници го успоруваат варењето. Решение се помали количини на масти и масло во комбинација со свеж зеленчук.
Комбинацијата на течности со храната не е исто така за фалење. На водата и треба да пројде околу 10 минути низ организмот, а на сокот 15 – 30 минути што го попречува варењето. Затоа права работа е да пиете течност 10 минути пред јадење или саат време подоцна.
Два или повеќе богати извори на протеини. Така да комбинациите на месо и јајца, јогурт и бадем или риба и ораси се многу тешки намирници за варење, ги оптеретуваат органите, бараат многу енергија па не не изненадува заморот по овие оброци. Препорака е ако веќе ви треба високопротеински оброк, јадете една врста на месо или риба, а останатото нека биде брокула, лук, карфиол. И кога јадете месо, нека тоа биде последниот дел од оброкот кој ќе го почнете со лесен зеленчук.





You must be logged in to post a comment Login