Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Ова е најефикасниот третман против стареење!

Летото е идеално за спортски активности на отворено, а некои од нив освен што ќе направат да се чувствувате одлично, туку и се најдобриот третман против стареење.

Познато е дека секое годишно време бара посебна нега на кожата на лицето и на телото. Меѓутоа, дали сте знаеле дека на лето може да спроведете еден од најдобрите третмани против стареење? Не, не станува збор за повеќечасовна посета во салон за убавина, кој на лето и не е препорачлив, туку се работи за најобични вежби.

Поранешната канадска атлетичарка и нутриционист Ријан Стефенсон сподели занимливости за здравјето на кожата, кои ќе ве натераат да станете поактивни.

Вежбите ја намалуваат гликацијата

Едно од истражувањата на ова поле кое е објавено во магазинот “Journal of Metabolism”, покажало дека со вежбањето се намалува нивото на гликација во крвта. Имено, гликација е процес кој го спречува создавањето на колаген и еластин, со тоа допринесувајќи запаление и оштетување на целуларната мембрана. Гликацијата не само што го убрзува процесот на стареење, со оглед на тоа што ја спречува регенерацијата на кожата, туку и ја прави подложна на оштетувања предизвикани од сончевите зраци.

Вежбањето ја подобрува циркулацијата

Познато е дека вежбањето ја подобрува циркулацијата и го помага излачувањето на токсини. „Нашата кожа е заштита од надворешниот свет, а секојдневно е изложена на бројни загадувања. Поголемиот доток на крв ја зголемува можноста за исфрлање и неутрализација на токсините пред да предизвикаат оштетувања на кожата“, објаснува Ријан.

Вежбањето ја спречува смртта на ќелиите

Канадската атлетичарка објасни дека со вежбањето се ослободува и IL 15, соединение кое ја спречува смртта на ќелиите. Истражувањето спроведено на McMaster универзитетот во Канада, покажало дека луѓето кои само два пати неделно возеле велосипед, за три месеци покажале одлични резултати кога станува збор за подобрување на состојбата на кожата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement