• Сподели на:

Откријте на време: Рани симтоми на рак кои жените ги игнорираат

___

Иако постарите луѓе се со поголем ризик од добивање на рак сепак не се имуни ни помладите.

Ракот е најраспространета, но и најопасна болест на модерното живење. Иако поголем процент го добиваат постарите луѓе сепак на канцер не се имуни ни помладите. Овие симптоми најчесто ги игнорираат жените:

 

Подуеност

Подуван стомак е честа појава и голем дел од нас не му даваат голема важност. Оваа состојба може сепак да укаже на рак на јајниците. Ако подуеноста трае неколку денови и се чувствувате сито после малку храна обавезно да посетите лекар.

 

Промени на градите

Не само чворовите се симтопми на рак на града. И црвенило, огрубната кожа и увлекување на брадавиците може да бидат симптоми на потенцијално опасни промени на ткивото во градите. Ако имате осип кој трае со недели тогаш мора да го проверите кај стручно лице.

 

Крварење во необични интервали

Жените кои не се во менопауза често ги игнорираат крварењата помеќу циклусите, сметајќи ги како менструација. Крварење кое не е за време на циклусот укажува на негативни појави во телото, а после менопауза значи дека може да имате рак на грлото на матката.

 

Потешкотии во голтање

Доколку почнете да преферирате потечна храна и ве боли при голтање а не сте настинати, посетете доктор. Може да биде симтом  на рак на крајниците.

 

Крварење

Ако забележите крв во урината или столицата не го препишувајте тоа на хемороидите, може да биде рак на дебелото црево. Искашлување на крв е доста сериозен симптом и може да значи рак на белите дробови.

 

Чувство како нешто да ви го гризе стомакот

Истражувања ги поврзале депресијата и болките во стомакот како симптоми на рак на панкреасот.

 

Лошо варење

Проблемите со варење без да има некоја посебна причина може да бидат знак за рак на грло, стомак или крајници.

 

Промени во усната шуплина

Доколку приметите бели плочки низ усната шуплина, обавезно одете на преглед.

 

Промена во лимфните чворови

Доколку почувствувате оток на лимфните чворови под пазувите или на вратот, тоа може да биде аларм за загриженост. Доколку жлездата е потечена повеќе од месец дена што побрзо одете на лекар.

 

Висока температура

Доколку имате висока температура која не е проследена од вирусна инфекција, одете на преглед. Тоа е симптом на рак на крвта.

Замор

Живееме со брзо темпо и заморот не е ретка појава, но доколку долго време сте малаксани и тоа без да имате тешки физички напори, тоа не е убав знак.

 

Долго кашлање

Кашлање кое не прекинува со недели, а немате други потешкотии, плус ако сте пушач тоа може да биде знак на рак на белите дробови. Посоветувајте се со доктор.


Оставете коментар

___