Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Ослободете се од целулитот до летото: Променете ги животните навики веднаш!

Целулитот е нормална појава. Го имаат и најслабите манекенки и познати личности. Сепак тоа не значи дека против него не треба да се борите. Многу стручњаци тврдат дека не е возможно целулитот во потполност да се отстрани, но исто така тврдат дека со помош на правилна исхрана, вода, вежбање, масажи, може да се доведе до минимум. Потребно е многу време и упорност, затоа најдобро би било ако започнете веднаш.

Масажа, дренажа и пилинг

Масажите се важен дел од овој процес, а ако немате пари за козметички салони масирајте ги деловите дома.

Најдобро е со кружни потези, и секогаш масирајте ги листовите и од колената нагоре. Исто така еднаш неделно треба да се користи антицелулитен пилинг кој можете да го направите и од мелено кафе, малку кафеав шеќер и лажица маслиново масло. Познато е дека кофеинот ја потикнува циркулацијата.

Важно предупредување: Ако имате осетливи капилари, избегнувајте ги антицелулитните масажи во салоните. Поради јакиот притисок, капиларите ќе испукаат, а тоа изгледа полошо од целулитот.

Исхрана

Кога е во прашање исхраната, тука нема некоја голема мудрост. Мрсната храна и многу благо ја зголемуваат видливоста на целулитот, додека овошјето и зеленчукот го забрзуваат метаболизмот и помагаат во намалување на масните наслаги. Изберете многу салати, немасни салами, ржан леб, нискокалоричен јогурт и било каква храна готвена на пареа. Исто така минимизирајте го внесувањето на сол.

Течност

Внесувајте повеќе течности. Пијте повеќе вода. Можете да цедите и лимон, лимета, портокал, грепфрут, а познато е дека зелениот чај помага.

Вежби

Ако иматре проблеми со целулитот ( па и да немате ) веднаш започнете да вежбате. Кардио тренингот е добар, но треба да се комбинира со други вежби. Погледнете го ова видео за некои вежби ако одлучите да вежбате од дома.

httpv://www.youtube.com/watch?v=FB0yUO5-9CY

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement