• Сподели на:

Неколку работи за менструалниот циклус кои мора да ги знаете

___

Менструалниот циклус е нормална физиолошка појава кај секоја жена. Често пати сме објаснувале зошто се јавува и како всушност настанува. Но, денеска ви претставуваме неколку факти кои морате да ги знаете за месечниот циклус, без разлика на кој пол припаѓате, бидејќи се многу важни и секој треба да ги разбере.

За време на менструалниот циклус има можност да останете бремена иако е многу мала!

Дека за време на менструалниот циклус може да се остане бремена говорат стотици случаеви кои мислеле поинаку. Да, шансите се значајно намалени, но се далеку од невозможни (најчесто кај жени со многу краток циклус). Затоа овој факт мора да го знаат и мажите и жените – месечниот циклус не е период од месецот кој ви овозможува секс без заштита и без грижа дека ќе остане бремена. Иако теоријата може да се протолкува така, праксата покажала нешто сосема поинакво.

Најплодни сте за време на овулацијата

Користете календар за овулација за да го следите вашиот циклус. Овулацијата се случува на средината на циклусот и тогаш сте најплодни. Овулацијата претставува процес кога јајце клетката се ослободува од овариумот и навлегува во јајцеводот.

Губите само неколку лажички крв

Само неколку лажички крв се губат за време на еден нормален циклус, иако жените сметаат дека ова е период кога обилно крварат. Менструалното крварење всушност не содржи само крв, туку тоа се состои од елементи на ендометриумот и распаднатата јајце клетка.

Се намалува сексуалната желба

Да, за време на меструалниот циклус нормално е да се намали сексуалната желба. Нивото на прогестерон се намалува, а со него и вашето его.

Пред-менструалниот синдром се разликува помеѓу жените и тоа е нормално

Некои жени имаат тешки болки и нагли промени на расположението. Други пак скоро не чувствуваат ништо. И во двата случаеви е нормално и тоа зависи од анатомијата и физиологијата на внатрешните полови органи на самата индивидуа.

 


Оставете коментар

___