Применете ги овие четири совети и сигурно ќе ја остварите својата фитнес цел.
Луѓето кои низ својата долгогодишна и успешна кариера, пред се базирана на работата врз себеси, а потоа и на своите клиенти, биле во можност, низ пракса да увидат некои законитости, па поради тоа тие се најрелевантни експерти за давање совети.
Всушност, тие биле во можност од прва рака да увидат колку има вистина во секое од тврдењата на научниците.
Па така, во продолжението ви донесуваме кратки, но многу важни совети од фитнес тренерите, кои благодарејќи на своето знаење успеале да изградат успешни кариери.
Ова се пораки од BJ Graddour, основачот на Men’s Health StreamFit, потоа, Pavel Tsatsouline, основачот на StrongFista, Michael Piercy, сопственикот на The Lab Performance & Sports Science и други.
„Никогаш не можете да извежбате доволно за да го поништите влијанието на лошата исхрана“
Имено, ако лицето лошо се храни, нема да му помогнат ни неколку часови дневно тренирање за дојде до посакуваната телесна тежина. Самото слабеење произлегува од рестриктивната исхрана, па дури и без вежбање.
„Дури и кога имате само 10 минути, искористете ги за вежбање“
Истражувањата покажале дека лицата кои одлучиле да пропуштат еден тренинг, во дури 61% од случаите ги пропуштаат и другите тренинзи, што го доведува целиот напредок во голем знак прашање.
Ако не можете да успеете да стигнете на тренингот поради „Х“ причини, направете барем кратки кардио вежби во просторот кој тоа ви го дозволува, за да поттикнете потење, а со тоа, без оглед на се’, да го испочитувате и самиот тренинг план.
„Пристапете кон вежбите за мобилност и подвижност со истото внимание како и кон вежбите за сила“
Зголемувањето на мускулната маса и самата јачина, сигурно не може да се случи додека седите депримирани поради повреда. Затоа се препорачува одвојување на 10 до 15 минути од секој тренинг за овој тип вежби, а се со цел, телото да функционира како добро подмачкана машина.
„Изостанокот на сила има многу поголеми последици од неуспехот да се подигне одредена тежина“
Бидете свесни дека силата е потребна за успех во се’. Колку фудбалерот е посилен, толку полесно може да се носи со спротивните играчи, во одбраната но и во нападот. Колку јога практичарите се посилни, толку подолго можат да се задржат во одредена позиција. Колку лицето е посилно, полку полесно ќе ги подига теговите…

You must be logged in to post a comment Login