• Сподели на:

Направете го овој тест: Кои се најважните прашања за на гинеколог?

___

1. Колку често треба да се направи Пап тест?

а. Еднаш годишно

б. Секоја пета година

в. Секои три години

Правиот одговор е А

Пап тестот е брис од излупени ќелии од површината на грличот на матката. Ако се воочат нормални ќелии, се следат од 1 до 3 години, но доколку се најдат атипични ќелии, потребна е понатамошна дијагностика за да се докаже или исклучи предмалигно или малигно заболување на грличот на матката. Доколку се дијагностицира на време, ракот на грличот на матката 100% се лекува. Ги погаѓа помладите жени, што и е објасниво бидејќи тие се најизлижени на HPV инфекции, како и на додатни кофактори на сексуално преносливи болести, како што се промена на партнерите, пушење.

Богатите земји имаат помала инциденца, европскиот просек на бројот на заболени на 100.000 е околу 10, додека на балканските простори се движи од 24 до 27. Затоа се организира еднаш во годината скрининг на товар на фондот за здравство, а има и индивидуален скрининк кога жената сака да направи превентивен тест кој сама го плаќа. Препорака на гинеколозите е Папа тестот да се прави еднаш годишно.

2.Кога треба да се направи тест на хумана папилома вирус, HPV?

 а. Ако резултатот од папа тестот е ненормален

б. Ако сакам контрацепција

в. Ако имам нов партнер

 Правиот одговор: Одговор А

Денеска се смета дека повекето жени имале контакт со ХПВ вирусот, но се на се 3% до 10% од нив го задржуваат вирусот. Останатите ќе успеат да развијат антитела и така да го елиминираат вирусот од пола до 2 години. Најголем број заразени се девојки на возраст од 20 до 25 години. Доколку вирусот перзистира подолго од година со помош на останати помагачи, може да доведе до рак на грличот на матката. Тоа најчесто се случува кога личниста ќе се зарази со високоонкоген тип на вирус, т.е. со оној кој е најопасен за развој наа ракот. Познати се околу 120 типови, од кои 40 се сексуално преносливи, некои од нив предизвикуваат кондиломи, а некои карциноми. Доколку резултатот на Папа тестот не е добар, потребно е да се истражи дали има ХПВ инфекција и од кој вид е.

 devojka-1394277335-29616

3.Кога е најдобро да се прави Папа тест?

 а. Во средина на циклусот

б. Било кога, освен во периодот на менструално крварење и 2-3дена пред и после него

в. 7 дена по циклусот

Правиот одговор: Одговор Б

Порано препораките биле врзани за средината на циклусот бидејќи тогаш брисот ќе биде најчист, но со усовршување на техниките на боење и гледање, денес точниот одговор би бил под Б. Доколку жената се јави на гинеколог без претходни тегоби, а се најде ненормален папа брис, веројатноста за нејзиното целосно оздравување е 92%. Ако пак дојде кога веке има некои проблеми, крварење или слично, тој успех е 66%

4. Кои се промените на кожата поврзани со бразилската депијација?

а. Враснати влакна и „митисери“

б. Огрубена кожа на срамниот предел

в. Промена на бојата

Правиoт одговор: Секој одговор

Сите три одговори се точни. Уште се дискутира дали бразилската депијација е работа на мода или хигиена. Некои имаат голем проблем и промени на кожата на тоа место бидејќи депилацијата е груба метода и не е предвидено заштитниот слој на влакна да се отклонува. Препорака е срамните влакна да се скратуваат и депилираат во помалку осетлив регион, но сепак сосема да не се отстрануваат. Редовна хигиена на овој предел сосема е доволна.

doktor-1391528108-25936

5.  После колку денови се чувствува подобрување кога жената се лечи од појачан секрет?

а. Еден ден

б. Седум дена

в. Четири дена

Правиот одговор: Одговор В

После 4 дена треба да почувствувате подобрување во смисла дека нема пецкање, чешање и појачан исцедок (ако е во прашање габичка кандида која предизвикува таканаречен вагинален сор). Но, ако и после тоа тегобите продолжат најверојатно се работи за бактериска вагиноза. И двете се последица на смалена отпорност, промена на киселоста на вагината, што доведува до тоа да нормалната флора се повлекува, а бројот на габичките или групата анаеробни микроби расте. Се докажуват на различни начини и различно се лечат.

6. Колку пати треба да се повтори кандидата за да подетално се испита причината?

а. Еднаш годишно

б. Након четвртиот напад

в. Два напада во еден месец

Правиот одговор: Одговор Б и В

Ако кандидата често се појавува, може да значи дека нешто не е во ред со имунитетот и дека е потребно да се испита целокупната здравствена состојба. Во лечењето и испитувањето се вклучува и состојбата на партнерот.

7. Што е најчест виновник за карценом на ендометриумот (слузокожата на матката)?

а. Незаштитен сексуален однос

б. Дебелина

в. Алкохол

Правиот одговор: Б

Додека карценомот на грличот на матката се среќава повеќе во сиромашните земји, карценомот на внатрешноста на матката – слузокожата, најчесто ја има во високоразвиените земји, дури 40% од овој карценом е застапен во Европа. Растот на тежината за 25 кг. од иделната го зголемува ризикот за оваа болест 9 пати.

Масното ткиво се нарекува трет јајник бидејќи во него се создава естроген кој се доведува во матката како вишок и доведува до буење на слузокожата, а кога нешто е премногу, вообичаената контрола не е доволна. Овој рак ги напаѓа постарите жени, најчесто по 50тата година. Многу често се среќава збирот на симтоми –дебелина, висок притисок, шеќерна болест и карценом на ендометриум. Секое крварење по периодот на менопауза или секое продолжено, неудобно и крварење што се повторува треба да се испита.

8. Каде чувствувате болка која ја поврзувате со јајниците?

а. Над пупакот

б. Во долниот дел на карлицата, во ниво со колковите

в. Во струкот

Правиот одговор: Одговор Б

Јајниците се мали органи со големина на бадем кои се заштитени со обвивка, а се сместени во малата карлица, десно и лево од матката за која се лабаво врзани. Болка во тој предел може навистина да биде од јајниците, било од воспаление, зголемување на самите јајници или некои тумори и цисти. Но таа болка може да ја предизвика и било кој друг орган кој исто така се наоѓа во малата карлица – матката, цревата, камен или нешто друго во мочководите, воспаление на бешиката и друго.

Најчесто се работи за бенигни цисти на јајник, кои се многу честа појава и најчесто не бараат лечење.Само во 5% од случаите не се работи за бенигни цисти, туку за сериозни тумори и цисти, било да се едндометриози или карценоми на јајници. Бенигните цисти и ендометриозата ги погодуваат помладите жени, додека карценомите се среќаваат во подоцнежните години.

9. Што е нормално во текот на менструацијата?

а. Умерена болка

б. Јако крварње

в. Неправилно крварење

Правиот одговор: Ниеден одговор

Ништо од наведеното. Болката може да се јави како недефинирна кај некои личности, но тогаш мора да се исклучи ендометриоза. Крварењето треба да биде умерено, затоа што доколку е појако би требало да се помисли на миом, доброќуден тумор на мускулното ткиво на матката. Неправилно крварење е се она што трае подолго од 10 дена, она што се јавува почесто од 21 ден или пауза помеѓу менструалното крварење подолга од 35 дена

devojka-na-krevetu-1387473938-22384

10. Кои се главни причинители за појава на карценом на вулвата?

а. Пушење

б. Алкохол

в. Нема објаснување

Правиот одговор: А

Пушењето е еден од најглавните причинители иако не се знае зошто. Покрај тоа ХПВ инфекцијата допринесува сега ова заболување да се јавува почесто и кај младите, иако и понатаму тоа е карценом на повозрасните жени. Промената на бојата, чешањето, ранички на кожата се знак дека се случува нешто ненормално.

11. На кој начин се менува менструацијата по 30та година?

а. Станува полесна

б. Станува потешка

в. Прерипува

Правиот одговор : Одговор А

По 35тата година опаѓа нивото на естроген, па со самото тоа и дебелината на ендометриумот е помала и менструациите стануваат помалку обилни. Меѓутоа, доколку има миоми, тогаш менструациите се обилни. Прерипувњето на циклусот треба прво да разбуди сомнеж за бременост, но понекогаш и на предвремена менопауза или некое друго ендокрино заболување, како што е да речеме хипотиреоза – намалена работа на штитната жлезда.

12. Кои симптоми никако не смеат да се игнорираат?

а. Контактно крварење или крварење во текот на односот

б. Белузлав секрет

в. Темна боја на мокрачата

Правиот одговор: Одговор А

Крварење по односот некогаш е прав знак за предмалигни промени на грличот на матката. Често се работи за сексуално преносливи инфекции, пред се кламидија. Белузавиот секрет не треба многу да ве загрижува, а темната боја на мокрачата можна е доколку не сте пиеле доволно вода.

13. Што се може да се види на кожата на срамноцата?

а. Екзем

б. Псоријаза

в. Меланом

Сите одговори

Околу 3% меланоми кај жените се околу гениталната регија. Се воочуваат промени на пигментацијата, крварење, чешање и болка. Често на ова не се мисли, па се дијагностицира доцна.

14. Што го смалува ризикот од настанување на рак на грличот на матката?

а. Кондоми

б.Контрацептивни апчиња

в. Спирала

Правиот одговор: Одговор А и Ц

Кондомите го намалуваат ризикот од канцер на грличот на матката за 70%, пред се така што делумно штитат од ХПВ инфекција, но 100% од останатите сексуално преносливи болести. Исто така и спиралата го намалува тој ризик за 50%, додека контрацепцијата во апчиња го поттикнуваат настанокот на карценом на грличот на матката ако се зема повеќе од 5 години, но сеуште не се знае зошто.

15. Кое е најважно гинеколошко прашање кое треба да си го поставите?

а. Дали тоа е нормално за мене?

б. Кој е ритамот на моите циклуси?

в. Дали секретот ми е полеплив од минатонеделниот?

Прав одговор: Одговор А

Секако, секое прашање е по малку важно, но дури откако ќе го запознаете своето тело ќе можете да ги приметите промените и според тоа да си го поставите најважното прашање – дали е тоа нормално за мене? Доколку не стесигурни дека го знаете одговорот, јавите се на вашиот гинеколог


Оставете коментар

___