Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Намирници кои ви прават да се чувствувате уморни

Се будите, туширате, ставате пудра и коректор на лицето за да го скриете уморот. Без разлика на тоа што сте се одмориле, подочниците сепак се присутни. Причината за тоа може да биде храната која ја јадете. Избегнувајте ги овие намирници.

Сол

Иако е потребна во исхраната, храната која содржи премногу сол може да го дехидратира организмот, да ја исуши кожата и да направи да изгледата поуморни него што сте. Избегнувајте солена храна и одлучете се за зачини.

Вештачки засладувач

Вештачкиот засладуваач може да направи да изгледате лошо. Бирајте намирници со природен шеќер, како овошје.

Алкохол

Повеќе од една чаша вино за време на вечерата може да го дехидратира организмот и да направи да изгледате уморно. Ако не можете да одолите на алкохолните пијалоци, тогаш помеѓу пијалоците обавезно пијте вода за да ја одржите хидратацијата на организмот.

Пржена храна

Пржената храна е преполна со маснотии и ако често ја јадете, можете да ги затворите артерии и намалите крвните садови и така да направите да изгледате уморни и без желба за ништо.

Јаглехидрати

Не треба во потполност да ги избегнувате, но храната богата со јаглехидрати може да го оштети колагенот во кожата, покрај тоа што ќе изгледате уморни, така и ќе се чувствувате. Наместо сендвич изедете салата и додајте малку повеќе зеленчук во својата исхрана.

Бонбони

Бонбоните се полни со шеќери, без витамини и посакувани нутритивни вредности. Ако ги јадете често, сигурно се едни од причините зошто имате темни кругови околу очите.

Црвено месо

Не морате да се префрлите на вегетаријанска исхрана, но конзумирањето на црвено месо повеќе пати во неделата прави да се чувствувате уморни. Покрај тоа конзумирањето на црвено месо е поврзано и со појавата на брчки. Немојте да го јадете повеќе од еднаш во неделата.

Лута храна

Одлична е за метаболизмот, но не е добра за кожата. Може да предизвика зголемено потење и иритација што ќе предизвика да изгледате уморни. Ако сте во можност, подобро бирајте помалку лута храна.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...