За убав и младешки изглед на кожата, не е неопходно да легнете ‘’под нож’’. Научниците тврдат дека тоа може да се постигне со здрав начин на живот, пред се со здрава исхрана.
Во склад со ваквото мислење, нутриционистите составија листа од седум намирници кои се добри за здравјето, а со тоа и за убавa и затегната кожа. За да кожата биде убава, потребно е најнапред да го изчистите организмот од токсини со исхрана.
Прва на листата е рибата. Изтражувањaта покажаа дека луѓето кои јадат многу риба скоро никогаш не заболуваат од кардиоваскуларни заболувања. Рибата е богата со омега-3 масни киселини кои го стабилизираат срцевиот ритам и штитат од холестерол.
Друга намирница е маслиновото масло, кое изобилува со заситени масти и е добро во борбата проти рак и срцеви заболувања.
Следно е чоколадото, чија главна состојка е какаото кое содржи состојки кој се многу добри за крвните садови. Ако се јаде во разумни количини, делува превентивно и против дијабетис тип 2.
Јогуртот може да го забави стареењето бидејки содржи калциум , кој спречува заболување на коските, а содржи и добри бактерии кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Следни се боровинките, јаткастите плодови и црното вино во мали количини, кои влијаат на намалување на ризикот од дијабетис, губиток на меморија и срцеви заболувања.

You must be logged in to post a comment Login