• Сподели на:

Најчести причини поради кои не успевате да ги намалите килограмите

___

Ако ви се случува и покрај редовното вежбање или долга диета да не ги намалите килограмите, најверојатно нешто неочекувано влијае на вашиот организам. Понекогаш поради различни причини се случува диетите да не бидат успешни, односно да не ги намалите килограмите.

Кои се најголемите виновници за тоа?

1. Влијанието на стресот

Според една студија, жените можат годишно да добијат дури пет килограми повеќе ако се под стрес. Стресот го зголемува излачувањето на кортизол кој ги уништува мускулите и го намалува нивото на серотонин, што доведува до желба за слатка храна.

Кортизолот го намалува излачувањето на киселина во желудникот така што консумираната храна не може да се свари како што треба и тоа ви ја зголемува желбата за храна, пишува Prevention.

2. Не јадете доволно маснотии

На организмот му се потребни маснотии што може да ги користи за работата што ја извршува. Риба, авокадо, маслиново масло, кокосово масло и слично овозможуваат најдобри облици на маснотија.

3. Јадете предоцна

Ако јадете предоцна организмот нема да ги согори маснотиите во текот на ноќта. Избегнувајте ги вечерите.

4. Отров во организмот

Ако нешто во вашето опкружување ве труе тоа може да го наруши дејствувањето на хормоните, да ја намали телесната температура што ќе го започне еволуцискиот одбранбен механизам за зачувување на мастите. Не може целосно да се исчисти организмот од отрови, но исхраната богата со влакна, протеини и зелен зеленчук може да помогне.

5. Недостаток на витамин Д

Витаминот Д е одговорен за многу функции во организмот и без него мастите не можат да се согоруваат. Консултирајте се со доктор доколку треба да се зголеми внесувањето на витамин Д, а преку исхраната може да се зголеми со внесување на лосос, сардини и кравјо млеко.

6. Проблеми со штитната жлезда

Штитната жлезда е исклучително важна за метаболизмот, а проблемите поврзани со неа можат да влијаат на губењето килограми.

7. Недоволно спиење

Околу 40% од луѓето спијат помалку од 7 часа дневно. Последици од тоа се зголемување на шеќерот во крвта, како и зголемување на хормонот на стрес што од друга страна ја зголемува желбата за храна.


Оставете коментар

___