• Сподели на:

Мусли за доручек: Еве како да изгубите килограми без диета

___

Муслите го подобруваат варењето, ви даваат чуство на ситос и даваат енергија за функционирање во текот на денот. Со квалитетен доручек го намалувате вкупниот дневен внес на калории,  а со самото тоа постепено губите тежина.

musli-marketing

Најверојатно одма по будењето се фаќате за шоља кафе, или некое пециво од пекара, а понекогаш и она што ви е прво на дофат. По пристигнување во канцеларија осеќате неверојатен напад на глад.

Еве како да ги избегнете утринските замки и со помош на мали трикови да воспоставите балансирана исхрана, а истовремено да губите тежина.

Најдобар оброк за почето на денот е оној кој има доволно хранлива вредност, дава чуство на ситост во текот на утринските часови, а истовремено дава непоходна количина енергија

Доколку за доручек јадете мусли, го намалувате ризикот од воспаленија, хронични болести, дијабетис, астма, но и срцеви болести. Висок внес на влакна од житарици, го подобрува функционирањето на целиот организам и спречува настанување на дијабетис тип 2.

Musli-670x488

Обилен доручек штити од прекумерен внес на храна во текот на денот, брзо и лесно ќе се разбудите, ќе имате повеќе енергија и ќе бидете порасположени Покрај јагленихидрати, муслите се богати и со калиум, фосфор, магнезиум, железо, манган, цинк и селен.

Недоволната употреба на житарици, многу луѓе ја објаснуваат со тоа дека не се доволно вкусни. Но денес, на пазарот постојат индустриски обработени житарици, со подобрен вкус и со додатоци на овошје, мед, лешник или цимет. Овошјето е совршен додаток на житариците, па дури и сувото. Додава многу потребни витамини и минерали, а количините на порција со мусли се минимални, па затоа не мора да се грижите за претеран внес на шеќер.

Додатоците од лешник, бадем, семки овозможува дополнителен извор на протеин, како и здрави омега 3 масни киселини, кои влијаат на виталноста на организмот.

Stomak1

Ако сепак сакате да уживате во чисти житарици, можете да ги пронајдете во маркетите во лајт варијанти, најчесто како овесни снегулки, а можете и да додадете ваши додатоци по избор.

За исклучително добра комбинација на мусли, можете да ги приготвите со млеко, млеко од соја, сок, чај.

Доколку секојдневно користите мусли за доручек, ќе приметите постепено намалување на лошиот холестерол, подобро варење, а долгорочно и намалување на телесната тежина.


Оставете коментар

___