• Сподели на:

Мотивација – Што се случува со вашето тело по само еден тренинг?

___

Кога ќе почнете да вежбате, првите неколку дена ќе ве боли целото тело. Но, веднаш по првиот тренинг  во вашето тело ќе почнат да се чувствуваат промени, затоа е важно да продолжите со вежбањето. А што е тоа што се случува со телото по само еден тренинг?

  1. Исчезнува стресот

Една неодамнешна анкета во САД покажа дека само 14 отсто пд луѓето вежба само за да го намали стресот. Дури и ако вежбањето ви создава стрес, тренингот поттикнува подобра циркулација  на крвта до мозокот и се произведува хормонот ендорфин.

  1. Можете да ја спречите појавата на дијабетес

Во една студија од 2007 година, група на вежбачи откри дека еден тренинг ги намалува телесните масти во мускулите, што ја подобрува осетливоста на инсулинот. Нискиот инсулин може да доведе до дијабетес.

  1. Може да се промени вашата ДНК

Во истражување од 2012 година, Шведски исражувачи откриле дека здрави, но неактивни возрасни лица со само еден тренинг влијаат на промена на генетскиот материјал на своите мускули. ДНК се наследува од родителите, но и начинот на живот, како што е вежбањето, може да игра важна улога во преносот на одреден ген.

  1. Подобра концентрација

Кога ќе почнете да вежбате, крвта во мозокот ја подобрува функцијата на мозочните клетки и на тој начин сте подобро фокусирани после тренингот.

  1. Подобро расположение

За време на тренингот, вашиот мозок почнува да ослободува невротрансмитери (ендорфин и сератонин) кои го подигнуваат расположението и ја оттргнуваат депресијата.


Оставете коментар

___