Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Младо лукче – одличен избор за добро здравје

Со доаѓањето на пролетта младиот лук си го обезбедува своето место на многу трпези, почнувајќи од велигденскиот ручек, па се до скарата за 2ри Мај.

Освен што е вкусен и незаменлив додаток на многу јадења, младиот лук е важен и за здравјето на организмот. Тој може да содржи дури до 90 проценти вода, што значи има многу помалку јаглехидрати, па слободно можете да го грицкате и како јаболко, ако сакате да уживате само во неговиот вкус.

Исто така, изобилува со витамини и минерали, голема количина на витамин Ц, но и витамините од групата Б, витамин Е и провитамин А. Ако се конзумира зготвен, тогаш ќе ги почувствувате бенефитите на младиот лук поради влакната, што е важно за добро варење на храната.

Одличен е за здравјето на срцето, бидејќи го спречува таложењето на наслаги т.е. згрутчувањето, а штити и од затнување на крвните садови и тромбоза.

 

Како да го чистите

Младиот лук е всушност лук што се бере пред да созрее потполно. За да го исчистите полесно, измијте го лукот со проточна вода со што ќе ја отстраните нечистотијата, а потоа отсечете го врвот заедно со коренот. Внимавајте да не исечете преголемо парче, бидејќи белиот дел е највкусен. Исечете го на тенки крукчиња ако сакате добро да се измеша со остатокот од храната, а ако сакате неговиот вкус посебно да се чувствува, на пример кога го користите во салата, тогаш сечете го на пошироки делови. Ако го мешате со зеленчук или кинеска храна, сечете го по должина бидејќи така добро ќе се комбинира со морковот и остататите продукти.

 

Посадете го дома

Младиот лук може да го одгледувате дома, па дури и на балкон. Таа врста расте најбрзо од сите сорти, а бидејќи има благ вкус, понекогаш го сакаат и децата. Во градината не зазема многу место, а потребни му се многу сончева светлина и влажност.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...