Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Кралски тајни од 18 век: Диета по рецепт на Марија Антоанета

Марија Антоанета, Кралицата на Франција која ја паметиме по изјавата “Нека јадат колачи”, својот живот го поминала водена од тоа правило.

100095

Кралицата на Франција често уживала во десерти, пикантни специјалитети и гурмански оброци. Како ли само успеала да ја одржи витката линија и обемот на струкот од само 58 сантиметри? Ви откриваме неколку слатки кралски тајни од 18 век.

Marie-Antoinette-Inspired-Shoot-Let-Them-Eat-Cake Кралицата не можела да им одолее на раскошните десерти, се препуштала на вистинските гурмански оброци и уживала во гастрономските специјалитети како што и доликува на нејзиниот статус. Како е возможно да одржува витка линија и обем на струкот од само 58 сантиметри, поради што, како што се наведува во некои историски извори, не и било потребно да носи корсети под тесно скроените фустани.

Тајната на тенката половина е во правилниот распоред на оброците, при што за доручек се консумира одредена количина десерти, а за вечера се служи само лесен оброк.

Доручекот на Марија Антоанета се состоел од пецива со кафе или топло чоколадо, за предјадење јадела паштета, остриги и јастог, а за ручек гулаш од зајак, лосос, школки. Во текот на денот јадела макарони со сирење и зеленчук во пикантен сос.

devojka-u-balskoj-haljini-1393937903-29078Режимот на исхрана на француската кралица го одразува т.н. ”француски парадокс”, каде што се јаде калорична храна, а сепак се одржува витка линија, а со самото тоа се избегнуваат и проблеми со срцето.

Клучот на исхрана на Марија Антоанета е во внесувањето на слатки за појадок, при што апетитот се задоволува на подолг период, додека вечерата се состои од супи или зеленчук, каде што е важно да не се консумира нездрава и силна храна, ниту пак алкохол.

Затоа препуштете се на кралската гозба – сладок доручек, ручек по ваш избор и лесна вечера пред 20 часот, и нема да имате проблеми во одржување на витката линија.

kolac-1391110191-25624

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...