Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Која справа најбргу ги топи килограмите?

Сакате да ослабнете? Се зачленивте во теретана, но на која справа да посветите најголемо внимание. На која од нив ќе постигнете најдобри резултати, односно на која најбрзо ќе ја подобрите кондицијата и ќе го стесните струкот и на која кардио справа согорувате најмногу калории?

Екипата на Huffingtonpost ги тестирала најпопуларните справи и го заклучиле следново:

Велосипед

„Возењето“ на велосипед ги активира големите мускули на нозете и согорува 500 до 1000 калории на час. Но, поголемиот број од луѓето не избираат отпор кој стимулира согорување на калории, туку чека природното движење на педалите да ја заврши работата за нив. Доколку сакате резултати, одредете отпор од кој тешко ќе дишете.

Трчање на подвижна лента

Трчањето на подвижна лента може да согори 600 до 1200 калории на час. А трчањето по нагорнина (на некои ленти може да се намести посакуван агол)  е најдобар начин на забрзување на метаболизмот и тоа со часови откако ќе престанете со вежбањето. За споредба, одењето по лентата согорува само 150 до 400 калории на час, во зависност од брзината и аголот. Избегнете ја и вообичаената грешка и не ги држете држачите постојано. Тие се тука да Ви помогнат само доколку имате поголеми тешкотии со рамнотежата или пак морате да се стабилизирате поради промена на положбата или брзината.

Елиптичните справи

Станува збор за сите справи од типот на Орбитрек. Оние кај кои нема движење со рацете согоруваат околу 600 калории на час, а онии кои вклчуваат и движење со рацете од 700 до 900 калории на час. Доколку во текот на движењето тешко дишете тоа значи дека сте на доволно големо ниво на отпор. Ако пак не ги чувствувате контракциите на мускулите веројатно треба да го зголемите отпорот.

Справа за веслање

На справата на која ги имитирате движењата на веслањето можете да согорите преку 1000 калории на час. Ова е одлична вежба за издржливост на мускулите на горниот и долниот дел од телото, како и за стекнување на кондиција. Но, може набру да Ви стане досадна. За да ја избегнете досадата, наизменично работете интезивни интервали и лесно веслање. Притоа, не користете ги само рацете, туку и мускулите на нозете.

Сепак, важно е да се знае дека без разлика кој кардио тренинг го одберете, потребно е редовно да се менува начинот на вежбање и во истото да се вклучи нешто ново, на што телото уште не се навикнало и што за него претставува предизвик. Значи, ако секогаш одите, пробате малку велосипед, а ако секогаш трчате, обидетет се со малку веслање. Ова ќе биде предизвик за телото и ќе овозможи максимално согорување на калориите.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...