• Сподели на:

Кои се најважни витамини за женското здравје?

___

На женското тело му се потребни витамини и минерали за да може нормално да функционира. Ако сакате да го зачувате своето здравје и долг живот, обрнете внимание на овие витамини и минерали кои се грижат вашето тело да функционира совршено.

Магнезиум

Ова е исклучително важен минерал за женското здравје, а посебно позитивно влијае на здравјето на нервите, мускулите, коските и на целокупниот имунитет. Штити од стрес, а природни извори му се зелениот зеленчук, како спанаќ, житарки од цело зрно, јаткасти плодови и семки.

Фолна киселина

Станува збор за многу важен витамин кој помага во изградбата на нови клетки, ја штити бременоста и игра важна улога за здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем. Добар природен извор на фолна киселина се мешункастите плодови, сојата, сината риба и овошјето, како што се авокадото или портокалот.

Биотин

Биотинот, кој уште се нарекува витамин Б7 или витамин Х, во организмот е задолжен за правилен метаболизам, посебно на преработка на шеќерот во енергија, а влијае и на здравјето на кожата. Може да се најде во пилешкото месо, рибите, бананите, печурките, морковот, во пивскиот квасец и во жолчките на јајцата.

Витамин Б12

Овој исклучително важен витамин нужен е за нормална работа на мозокот, но исто така спречува и срцеви заболувања и мозочен удар. Ги одржува нервите и крвните клетки здрави, помага во изградбата на ДНК, а е важен за вегетаријанците и веганите, бидејќи спречува анемија. Најголеми количества на витамин Б12 можат да се најдат во сината риба, посебно во сардината, потоа во месото (органски одгледувано, односно месо на животни кои се хранат со природни намирници), во јајцата, млекото и млечните производи.

Витамин Д

Витаминот Д всушност е хормон, а задолжен е за јакнење на коските, за впивање на калциумот, за здрав имунитет, за нормално функционирање на нервите и тироидната жлезда, а може да спречи и создавање на карцином на дојка и помага во неговото лечење. Најмногу го има во рибиното масло и месото, во млекото и млечните производи и во жолчката. Секако, најдобриот извор на витаминот Д се крие во сонцето, но повеќето луѓе не успеваат да го впијат од тој извор. Затоа експертите препорачуваат да се зема витаминот Д како додаток на исхраната.

Калциум

Овој моќен минерал одговорен е за силата на коските и мускулите, а игра важна улога и во нормалното функционирање на крвта. Исто така, важен е и за одржување на здрав крвен притисок. Природни извори на калциум се млекото (ако не е премногу преработено) и млечните производи, сардините, зеленчукот, јаткастите плодови, алгите и сушеното овошје.


Оставете коментар

___