• Сподели на:

Како временските услови влијаат на нашето здравје

___

Дали е вистина тоа кога некои луѓе тврдат дека го чувствуваат доаѓањето на дождот во зглобовите? Или имате мигрена која е појака за време на громови? Проверете како временските непогодби влијаат на нашето здравје.

Болести на срцето

Во САД смртноста предизвикана од срцеви болести во зима се зголемува за 18%, додека лето се смалува за 12%. Студијата поврзана со овие статистики тврди дека луѓето со срцеви проблеми имаат и до 36% поголема веројатност да умрат од срцев или мозочен удар во тек на зима. Иако ниските температури влијаат негативно на срцето сепак и недостатокот на дневна светлина има влијание.

Псоријаза

Сувото време ги зголемува воспаленијата кај псоријазата, кожна болест која предизвикува црвени траги и бели корупки проследени со сврбеж. Но и неизложеноста на сонце може да доведе до симптомите на оваа болест. Самите ултравиолетови зраци ја успоруваат промената во келиите на клетките, односно самата изложеност на сонце и потоплото време го намалуваат воспаленитето од псоријазата.

Артритис

60% од луѓето кои боледуваат од артритис тврдат дека може да почувствуваат кога доаѓа дожд иако тоа не е научно докажано.

Меѓутоа, факт е дека кога ќе падне атмосферскиот притисок, ткивата околу зглобовите се шират и ги притискаат нервите. Нервите може да бидат доста чувствителни на тие мали промени на притисок, но истиот ефект може да се случи доколку се возите со лифт од најнискиот кат до повисоките.

Мигрена

Постојат 28% поголеми шанси дека за време на олуја може да се појават болки од мигрена. Може да е од електромагнетските промени или загадувањето на воздухот, но мигрените се доста чувствителни на јако сонце и промени во температурата.


Оставете коментар

___