• Сподели на:

Како до рамен и затегнат стомак со помош на конец

___

Прочитајте го овој едноставен но супер трик со чија помош многу лесно можете да направите рамен стомак без да одите во теретана.

За да добиете рамен и затегнат стомак не мора да се потите во теретана или да правите стотици стомачни. Физиотерапевтите користат еден трик кој помага да го добиете стомакот што отсекогаш сте го сакале. Доволно е да врзете обичен конец околу половината. Имено, познатата британска физиотерапевтка Семи Марго тврди дека конецот околу половината постојано ќе ве потсетува да ги затегнувате стомачните мускули.

Семи вели дека треба да земете конец, да го врзете на половината околу стомачните мускули. Најдобро е да земете воздух и кога ќе издишете 50% од воздухот врзете го конецот така што кога целосно ќе издишете ќе можете да го почувствувате неговиот притисок. Притисокот на конецот постојано ќе ве потсетува дека треба да ги затегнете стомачните мускули. На овој начин постојано ќе ги затегнувате мускулите во текот на денот без разлика дали одите, седите, работите или шетате. Најдобро е да не го тргате конецот, односно да го носите најдолго што можете. Така ќе добиете рамен стомак и ќе го подобрите држењето на телото. Постојаното носење на конецот е многу поефикасно од на пример вежбање три пати неделно. Едноставниот метод на Семи им помогнал на многу луѓе без да се изложуваат на големи трошоци или стресови.


Оставете коментар

___