Истражување спроведено во Америка сугерира дека повеќе од 40 проценти од прераните смртни случаи можат да се спречат со усвојување на здрави навики.
Според податоците на стручњаците од центарот за контрола и превенција на болести, годишно во САД се бележат околу 900.000 прерани смртни случаи, од пет главни причинители, меѓу кои се и болестите на срцето, рак, хронични респираторни болести, мозочен удар и ненамерни повреди.
Околу 34 проценти од прераните смртни слуачи се однесуваат на болести на срцето кои е можно да се спречат со промена на животниот стил, предупредуваат научниците. Нивните податоци сугерираат дека здравите животни навики можат да спречат 21 процент од случаите на рак, 33 проценти од хроничните респираторни болести, 33 проценти од мозочен удар и 39 процени од ненамерни повреди.
Помеѓу најважните промени стручњаците набројуваат престанување со пушење, усвојување здрав начин на исхрана, контрола на тежина и редовно вежбање.

You must be logged in to post a comment Login