Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Јога или пилатес?

Оние кои ги практикуваат се колнат ефиктивноста на одбраната методологија, но како да знаете кое од овие две е подобро за вас? 

Преставување на противниците

Јогата е холистички, филозофски пристап кон вежбањето. Се појавува во Индија, пред околу 5000 години, додека во западниот свет е присутна во последниве 100тина години. Јогата го нагласува балансот на сите полиња – подеднакво зајакнувајќи ги стие мускулни групи и создавајќи ментален и физички баланс.

Пилатес вежбите биле создадени во 1920-тите години од страна Џосеф Пилатес. Тој бил физички терапефт кој ги користел како програма за закрепнување, препорачувајќи ги своите клиенти како превенција од повторни повреди. Пилатес вежбите се абдоминално интензивни, користејќи го абдоменот за секое движење, зајакнувајќи и подобрувајќи го држењето и подвижноста.

Основни принципи

Јога

  • правилно дишење
  • позитивно размислување и медитација
  • правилна исхрана
  • правилна релаксација
  • правилно вежбање

Пилатес

  • контрола
  • баланс
  • концентрација
  • прецизност
  • движење
  • дишење

Ум, дух и тело 

И јогата и пилатесот се водат од идејата дека умот и телото се поврзани. Сепак, јогата додава уште еден елемент во равенката, а тоа е духот.

Истражувањето на духовноста може да биде голем дел од практикувањето јога, особено преку медитација. Ако сакате да ја истражите целата филозофија, можеби треба да размислите за јога.

Пилатесот се фокусира на разбирање на идејата дека умот и телото се поврзани и како тоа може да ви помогне во секојдневниот живот, но не ја истражува духовноста.

За истегнување, флексибилност и сила

Јогата е идеална ако истегнувањето е вашата основна цел. Постојат повеќе варијации на јога, така што можете да најдете некоја соодветна на вашиот тип и карактер.

Јогата исто така е корисна алатка за зголемување на флексибилноста. Факторите како животен стил во кој преовладува седење, работното место, па дури и возраста можат да имаат поразувачки ефект на флексибилноста.

Пилатесот се фокусираат повеќе на зајакнување на трупот, повеќе отколку на истегнувањето, сепак ако работите со посветен тренер, таа или тој можат да вклучат и истегнување во вашата рутина. Пилатес вежбите го насласуваат зајакнувањето на трупот преку вежби за грб, раце, задник и бутови.

За губење на килограмите

За еден час вежбање јога, во зависност од стилот, можете да согорите од 200 до 630 калории.

За еден час вежбање пилатес можете да согорите од 270 до 460 калории, во зависност дали сте почетник или вежбате напредни вежби.

Како изгледа часот

Многу од јога часовите имаат флексибилна рутина. Вежби и движењата можат да бидат искомбинирани од голем број на варијации, така што стилот кој вашиот јога учител го практикува ќе игра најголема улога во рутината на вежбање.

Уште еден елемент кој често е присутен на јога часовите е медитацијата. Многу од јога часовите почнуваат со кратка медитација за да се постигне фокус и смиреноста, и завршуваат со медитација со цел да се заокружат придобивките од часот на крај.

Часовите по пилатес се малку поструктурирани. Токму затоа повеќе ќе знаете што да очекувате кога ќе влезете низ вратата на часот. Часот на пилатес воедно е генерално поактивен. Акцентот е ставен на абдоменалните и карличните мускули, додека се движите во тридимензионален простор.

Какви се вежбите

На јога часовите ќе работите на секој мускул од телото подеднакво. Секое движење е така креирано за да осигура совршен баланс на целото тело.

Пилатес вежбите нудат вклучување на целото тело, но сепак фокусот е ставен на зацврстување на трупот и подобрување на држењето.

Па, што е најдобро за вас?

Ако сте сигурни дека сакате да практикувате вежби кои имаат и духовна полза, и барате начин да се ослободите од стресот, јогата може да е подобра опција за вас.

Обидете се со јога за порелаксирани вежби кои се осврнуваат на балансот и кои освен што ќе бидат одлична вежба, ќе го збогатат и вашиот живот. Јогата ќе ви помогне да го менаџирате стресот и да се здобиете со телесна сила, кардио вежби и флексибилност, се во едно.

Ако вашиот приоритет е да се фокусирате на грбот, трупот и држењето, пилатес вежбите се можеби подобри за вас. Пробајте пилатес ако се танчер или атлет кој сака да ги подобри своите перформанси, ако сакате рамни стомачни мускули, за да го зајакнете грбот или ако сте страдале од повреда.

Ако се уште не знаете што сакате, пробајте ги и двете. Дури и ако сте понаклонети на едното од другото, сепак пробајте ги и двете. Тоа е единсвениот начин да бидете сигурни дека сте одбрале рутина за вежбање во која уживате и чии придобивки најмногу ви одговараат.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...