Носете црвено – Не е важно дали се работи за кармин, лак за нокти или парче-гардероба. Во оваа боја постои нешто што прави да се чувствувате похрабри и што влева самодоверба. Ако носите интензивни бои како црвената, тоа докажува дека сте личност подготвена на ризик. Мажите сакаат жени во црвено.
Ставете појас – Иако можеби последно во низата опции е токму ова, вреди да се проба. Нагласете ги границите на телото, добијте поубав облик.
Истакнете ги деталите – Убави и воочливи детали – чевли, обетки, елегантни торби, кои ќе ви помогнат да го оттргнете вниманието од фигурата и да ги истакнете деловите на телото кои ви се допаѓаат. За оваа цел може да ви послужи и добар сјај за усни кој ја рефлектира светлоста од усните и прави да изгледаат полни.
Облека според линијата на телото – Широката облека прави да изгледате подебело. Нема да му направите услуга на телото ако се облечете во омилената износена тренерка, а сакате да изгледате витко.
Носете чевли со високи потпетици – Одличен практичен совет доколку си изгледате ниско и полничко. Нека бојата на штиклите одговара со бојата на вашиот тен. Потпетиците нека бидат високи повеќе од пет центиметри.
Средете ја косата – Секогаш помага подобро да се чувствувате во сопствената кожа. Посетете го фризерскиот салон и добијте повеќе волумен кој ќе ви го направи лицето да изгледа послабо и ќе го издолжи. Исчешлајте ја уредно косата, подигнете ја на темето, направете фина воздушна пунџа или едноставно средете ја во опавче.
Пијте вода – Можно е да се чувствувате подуено и поради мрсната храна, вештачките засладувачи и мастиките. Добра вест: рамниот стомак можете да го достигнете ако пиете што повеќе вода.

You must be logged in to post a comment Login